Header Ads

“Отмъстителката“ е најновиот музички предлог од Јаница


Сексапилната Јаница ова лето ќе ги освојува музичките топ листи во регионот со своето најново музичко парче, кое носи интересен наслов “Отмъстителката“.

„Јас сметам дека имам потреба од промена, бидејќи доста години сум на музичката сцена и не сакав да се променувам, сакав да си бидам она што сум, инаку сега пак сум си јас, само што сум малку попровокативна. И навистина луѓето добро ја прифатија таа моја промена“. – сподели Јаница за нас, во ексклузивното интервју кое ни го даде.


Нејзиното најново музичко пополнување е по музика на нашиот композитор Јорданчо Василковски – Оцко, додека пак текстот е соработка помеѓу Анастасија Мавродиева и Росен Димитров. Провокативниот видеоспот го изработи Георги Марков, во кој имаме можност да ја видиме изведувачката повторно во едно сексапилно издание, демонстрирајќи и одлична фигура.

„Се се одржува со правилен хранителен режим, убава храна. Исто така можам да ти потврдам дека пред некое време започнав да јадам така доста поспецијални храни, кои исто така добро се одразуваат и на внатрешната убавина– дополни таа.

Во прилог, погледнете го нејзиниот најнов музички хит, кој само за неколку дена има повеќе од 400.000 прегледи во официјалниот канал на телевизија Планета во YouTube.

 Автор - Наташа Секуловска
Фото - Георги Малев

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.