Татјана: „За мене годините се само бројка“
Сексапилната пејачка Татјана, одлучи својот роденден оваа
година да го прослави со нова песна, која е во дует со нејзиниот колега Adnan Beats,
кој вооедно е и автор и на музиката и на текстот на провокативното музичко
парче “Мамасита“.
Во видеоспотот кој е режисиран од страна на режисерот Николај
Скерлев, имаме можност за прв пат да ја видиме пејачката во сосема различен
имиџ, некарактеристичен за неа, истакнувајќи го целиот свој сексапил и
одличната форма.
„Оваа година сакав на мојот роденден да пуштам песна и со
тоа да направам подарок кон сите мои обожователи кои толку многу години ме
сакаат и ме следат. Тие го заслужуваат најдоброто“ – сподели Татјана за Планета ТВ,
дополнувајќи „За мене годините се само бројка, затоа што нашиот надворешен
изглед ни покажува како се чувствуваме и како сме“.
No comments