Header Ads

„Маракеш“ на Цветелина Јанева и Галена жнее успеси и во странство


Цветелина Јанева и Галена вчера го претставија својот втор дует „Маракеш“, кој е подарок за сите обожователи на попфолкот, по повод десетгодишнината на Цветелина Јанева на музичката сцена, откако се појави во 2008 година за прв пат по телевизија Планета и ги освои срцата на публиката.

Десет години покасно, дуетот за само 24 часа се претвори во еден од најкоментираните видеспотови на YouTube предизвикувајќи еуфорија во Азербејџан, Бразил, Мароко, Русија, Турција, Косово и Алжир. 
Песната е дело на композиторот Кости Јонита, додека пак текстот е напишан од страна на Мариета Ангелова. Видеоспотот кој се оценува како еден од најскапите спотови снимени во соседна Бугарија е дело на Николај Нанков и Добромир Кирјаков,  снимен во Маракеш во Мароко, претставувајќи ја убавината на ориенталниот град низ нотите на песната, додека пак за стајлингот на двете ѕвезди беше задолжен нивниот долгогодишен стилист Добромир.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ


No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.