Глорија со двојно изненадување за своите обожователи
“Добре дошла, скитнице“ и “Не те давам“ се двете нови
песни, кои големата бугарска ѕвезда Глорија после песната “Нюанси сиво“, која
го освои срцата на публиката позиционирајќи се на првите места во музичките
топ листи, одлучи да ги претстави ова лето на својата публика, најавувајќи го својот нов музички
албум.
“Двете песни се
готови уште од пред една година, но сега дојде моментот да ги претставам на
мојата публика, откако лани претставив само една песна. Очекувајте го мојот нов
албум, за кој се надевам дека наскоро ќе излезе и ќе им се допадне на моите слушатели“ – сподели Глорија за нас.
Првата мелодија е по музика и аранжман на композиторот Димитар Петров и Глорија, додека пак текстот е соработка помеѓу самата пејачка и
Мариета Ангелова, а песната „Не те давам“ е дело на композиторот Калин
Димитров и која е повторно на Глорија и Мариета Ангелова. Видеоспотовите кон песните се снимени
во соседна Грција во рекордни два дена.
„Ја избравме Грција со мојот тим, затоа што е земја одлична
за снимање – има прекрасни места, заливи и не е толку многу покажувана низ спотовите.
Вистински се вљубив во неа и решив тука да ги снимам двата видеоспотови“ –
дополни бугарската ѕвезда.
Фото - Планета ТВ
No comments