Header Ads

(Интервју) Борис Дали: „Имам подготвено многу изненадувања за мојата публика“


Без сомневање Борис Дали  е еден од бугарските изведувачи кои со своите песни ги освои срцата на публиката, градејќи зад себе успешна кариера, пред сѐ со својот талент кој многупати е признаван од страна  на негови колеги, но и од публиката. Самиот тој признава дека одамна ја избрал музиката за своја професија и верува дека со време ќе успее да ги  реализира сите свои цели.

Здраво Борис Дали, „Барби“ е твојот нов сингл и е дополнителна причина да бидеш наш гостин. Од каде ја црпиш инспирација да направиш една песна хит?

Најпрвин здраво на сите читатели на Estrada World , во последно време за да направам една песна се консултирам и со други луѓе, за да се добие едно општо мислење, затоа што постојано се менуваат рабоите и треба да предложиш нешто  динамично, модерно и различно, затоа е подобро кога се консултираш. Исто така и композиторите играат доста голема улога за да се направи една песна и кај нив е по истиот начин и тие меѓусебе се консултираат и ни предложуваат различни мелодии, прашуваат најразлични луѓе и која ќе биде најдобра опција од сите нив,  таа ќе се предложи на публиката.

Ќе ни откриш ли што подготвуваш за летната сезона?

Имам готова песна, која ќе ја претставам наскоро и на која ќе снимам и видеоспот. Станува збор за една помелодична песна од еден композитор, а и има многу забавен, весел текст. Исто така, неколку проекти чекаат да бидат дореализирани, меѓу кои и една балада за која имам преубава мелодија, но сега и барам текст кој ќе ја долови нејзината суштина.
Како се роди љубовта ти кон музиката?

Од мали нозе ја сакам музиката, таа ми е едноставно во крвта. Татко ми се занимава со музика  и создава песни, од таму можеби ја наследив љубовта кон неа, едноставно многу ја сакам и ме исполнува. Сега ќе ви раскажам нешто од моето детство. Еднаш кога бев многу мал скришно излегов од дома, моите насекаде ме барале, а јас сум заминал во еден ресторант каде што имало жива музика за да ја слушам хаха. Потоа започнав да свирам на хармоника  и да пеам и си ја започнав мојата кариера.

„Пиян“ е апсолутниот твој хит, кој те направи ѕвезда за една ноќ пред 12 години. Ја определуваш ли таа песна како твоја визитна картичка?

Таа ми е една од моите емблематични песни, затоа што кога ќе се спомни Борис Дали луѓето едноставно веднаш се сеќаваат на песната „Пиян“, а тој факт може само да ме радува, затоа што секој изведувач според мене треба да има таква песна која ќе му е емблема во кариерата. И до ден денешен луѓето ми ја бараат таа песна на настапите и се радуваат на неа.

Со Теди Александрова минатата година ја пуштивте песната „Температура“. Како се роди идејата за таа песна?

Со Теди Александрова уште пред многу години разговаравме да направиме една песна, но таа си имаше свои настапи, јас мои и се не остануваше време, потоа се вклучив во една нејзина песна и од таму тргнаа рабоите.После тоа, таа се вклучуваше во мои песни и решивме да направиме една заедничка песна. Идејата беше целосно нејзина и за мелодијата и за текстот и го вклучивме и Живко Микс веа. „температура“ е пријатно парче, типично  за дискотеките.

Задоволен ли се от успехот на дуетот со нашата пејачка  Елена Велевска „Ще си моя“?

На мене лично ми се допаѓа многу таа песна, таа е малку во побрзо темпо и гледавме кога ја правевме да опфатиме што се слуша во Македонија и што се слуша кај нас. Се направи една одлична песна, за која се надевам долго време ќе се слуша.

До каде си со подготовката на новиот албум? Знаеш ли колку песни ќе вклучиш во него?

Јас имам доста песни кои ги собрав после албумот кој го издадов последно и немам засега точна бројка колку песни ќе вклучам во него, но 12 до 14 песни максиум ќе вклучам. И планирам оваа година да го пуштам во продажба.

Оваа година ја изненади пријатно твојата публика и си песната „ Дай, дай, дай“ која е соработка со Ангел и Adnan Beats и веднаш ги придоби симпатиите на публиката. Како помина снимањето на спотот? На кои места снимавте?

Како и вообичеано, со Николај Скерлев снимавме. Тој е еден голем прфесионалист, организиран човек и немаше никакви непријатни ситуации, доста лесно се се сними, имавме и стилисти и голема екипа, а снимавме на едно место во една зграда кое беше едно големо олеснување, затоа што кога снимаш на различни места е потешко. И во спотот учествува и мојата колешка Крисија Д, исто така и едно девојче кое ни го напиша и текстот и дел од мелодијата, таа е Стара Загора и се вика Стојана, како и едно момче кое навистина е топ дете и со големо задоволство прифати да се снима.
Како се одржува успешна кариера толку години? Која е тајната на успехот според тебе?

Точно да кажам не знам, но гледам да сум таков каков што сум во мојот живот, и на сцената и на настапите, без разлика каде се. Затоа што, секој човек кој дошол на мојот настап, било во ресторант или  во дискотека, плоштад ја заслужува почитта, така да правам да му е убаво, пријатно и секогаш се поставувам од нивната гледна точка, како тие се чуствуваат.

Одлично пееш народна музика и пред четири години го издаде албумот „Младо момче“.  Ќе ја имаме ли можност да слушниме нови народни песни од тебе?

Само живи и здрави да сме, јас веќе имам запишано две нови песни, од кои едната е доста патриотска песна за Гоце Делчев војводата, по музика е на Красимир Христов , со текст на Пејо Пеев, а во другата песна ја опејувам Пирин планината и пак има патриотски звук, за момчињата, односно јунаците кои загинале во борбите. Но, прашање на време е, кога ќе ги пуштам со спотови, затоа што сакам се да биди испипано до детали.

Македонската публика те очекува со нетрпение, дали можеби ќе имаш за брзо време настап тука?

Јас сум доаѓал во Македонија и на фестивали и на настапи и сум многу задоволен и среќен што не прифаќаат многу добро и ги знаат нашите песни.

Полесно ли е за еден маж да се пробие во попфолкот, имајќи го во предвид фактот дека пејачите се помалку за разлика од пејачките?

Искрено да ви кажам нема лесно ништо, со што и да се зафати човек навистина треба борба и е тешко насекаде за да успееш. Како што ја разбирам јас мојата професија, тоа означува да бидеш себе си, да бидеш вистинки и ќе успееш.

Сметаш ли дека има позитивна промена во музикчката бугарска сцена?

Промени постојано се случуват. Само да се надеваме дека ти се позитивни во секој жанр. Мене лично ми се допааат  и се праваат поразличлни песни, но јас слушам и сакам секакви песни и музика, така да кога една мелодија е убава, ми се допаѓа и и ја предтставувам на публиката. Да започниме од тоа што сега имаме убава техника, аранжмани на песните, студио за запишување, се е помодерно, за разлика од порано. И се развиваат и мелодите кои ни ги претставуваат нас композиторите.

Нема како да не си позборуваме и за твојот изглед. Многу твои обожователи, најмногу обожователики, постојано коментираат колку си убав и згоден, а и доста изгледаш модерно. Те советува ли некој за стајлингот?

Хахах јас не сум толку суетен за тие нешта. Гледам има некои изведувачи гледаат да се точно облечени, подредени, со различни стилови, апсолутно се да е новаторско, јас не сум таков. Јас сум од понормалните хахах, но гледам да се облечам како што е актуелно.Секое време си носи своја убавина и начин на облекување и човек да гледа што најмногу му прилега за да облечи. Она што сега ни е модерно, за некоја година ќе ни изгледа дека воопшто и не било. Се се менува. Сум пробувал и јас различни работи, пред се од облека и кон флизури, но понекогаш сум изгледал и смешно, срамно.

За крај ти благодариме за одделеното време со желби за се најубаво и уште поголеми успеси.Што ќе им посакаш на читателите на Estrada World?

Лично сакам од се срце да им посакам да бидат здрави, затоа што кога човек е здрав, тогаш е среќен и може да оди напред. Исто така и многу успеси и да бидат поизитивни настроени и и да слушат песни, затоа што кога човек е позитивен, едноставно работите  му одат напред.


Интервју: Наташа Секуловска
Фото: Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.