Header Ads

(Интервју) Катарина Живковиќ: Очекувајте го наскоро во албумско издание проектот „Mojih devet“


Катарина Живковиќ  е една од најпознатите ѕвезди на српската естрада, кои смело воведуваат иновативен дух во современиот попфолк. За кратко време стана ценета и барана, вооедно редејќи хит за хит, а во ексклузивното интервју кое ни го даде нас како македонски медиум, открива дали се чувствува готова да одржи солистички концерт,  до каде е со подготовката на нови песни, како и дава одговор на често поставуваното прашање до овој момент- проектот „Mojih devet“  дали ќе излези наскоро како албумско издание.

Здраво Катарина. Навистина ми е мило што ја прифати поканата да бидеш моја гостинка. Минатата година во продажба го пушти твоето ново CD Porok“ во издание на Гранд Продукција. Какви се реакциите на публиката?

Реакциите се навистина феноменални. Работев на тоа  секоја моја песна да биде посебна, различна и јака само по себе...и што се  однесува до мелодијата, текстот и емоциите кои се неопходни во мојата музика за да ми се верува во она што го правам. Не сум некоја која прави набрзина песни и по секоја цена да се пратат трендовите, туку правам музика која се слуша долго низ годините и која е дефинитивно остава печат за мене како пејачка и го отсликува мојот карактер. Поради тоа сум на себе многу горда.

Зошто албумот се вика „Porok“?

Размислував долго како да го наречам својот втор студиски албум. Иако, уште во самиот старт знаев дека дефинитивно најмногу ќе се издвојат песните „Bravo sreco bravo“, „Gori sve“ и „Kajem se“, не се одлучив за ниедна од тие три , туку мојата одлука беше да му го дадам името „Porok“, бидејќи таа песна ја доживеав премногу емиотивно и сметам дека мојот најголем порок е тој што се пее во песната, а тоа е љубовта.
Пред  две-три недели го најави проектот „Mojih devet“ акустични верзии на твоите хитови. Концептот е одличен и доста твои слушатели и после излегувањето на твојот втор албум коментираа дека некои од песни како да се создадени за акустични верзии и еве тоа се оствари. Прашање е дали слушателите ќе имаат можност да го поседуваат како албумско издание?

Ви благодарам за прашањето, мојот одговор е ДА и многу сум среќна поради тоа, затоа што го направив она што мојата публика го бараше од мене, а на мене е да им овозможам албумско издание на проектот„ Mojih devet“ на кој го голема љубов и вредно работев, без  големи медиумски реклами и најавувања.  Досега излегоа четири акустични верзии, останаа уште пет, а морам да ја пофалам и екипата Royal Arta без кои телевизиските верзии немаше да изгледаат убави како што се. Тие навистина се потрудија и го дадоа својот максимум со последната песна „Devet meseci“ и целиот албум ќе биди комплетиран и пуштен во продажба.

Баладата „Kajem se“ е со доста емотивен текст, што по мое мислење има една многу силна порака кон женскиот пол. Како се роди идејата за оваа песна?

Се согласувам со вас. „Kajem se“ е една од моите најемотивни песни, иако е со брз ритам и самите слушнавте колку добро и нежно звучи во акустична верзија. Сметам дека таа песна е создадена за балада, со оглед на тоа што е единствена од моето ново CD за која можам слободно да кажам дека е биографска во секоја смисла.
Дали во меѓувреме подготвувате нови музички проекти?

Секако, кај мене нема  празно место. Во подготовка е нова песна која треба да излези во првата половина на месец септември.

Која е разликата помеѓу пеење на големата сцена пред многу луѓе и во клубовите?

Разликата е огромна. Во смисла, кога пред е мојата публика имам многу повеќе волја, енергија и адреналин, многу љубов која ми ја испраќа публиката  и која „ми дава ветар во грбот“ секогаш да одам напред, бидејќи знам дека имам многу причини да се трудам, да работам и на тој начин низ музиката и песните да им вратам за сите убави емоции кои ги примам од ден за ден.
Убаво би било да те видиме на големата сцена. Планираш ли можеби некој голем солистички концерт?

Не, сеуште чекам уште малку да пораснам. J J J

Покрај музиката, што те мотивира и исполнува да работиш?

Ме мотивира животот општо и што имам навистина многу причини да се радувам буквално на се што ми се случува. Нема сега да набројувам по шаблон што ме мотивира, пред се ме мотивираат семејството, пријателите, љубовта итн, бидејќи сметам дека сето тоа се подразбира. Свесна сум дека сум благословена, бидејќи се занимавам со работа која ја сакам и самото се гледа дека се што работам, работам со љубов, а притоа успевам да заработам што ме прави навистина среќна.
Дали постои македонски изведувач со кој би сакала да направиш дует?

Искрено не сум размислувала за тоа, но со големо задоволство би направила соработка со некој македонски изведувач, со оглед на тоа што ја обожавам вашата музика.

Дали наскоро да те очекуваме во Македонија?

Се надевам да. Не сум била долго време и многу би сакала повторно да се дружам со вашата публика.

Што би им порачала на оние кои сакаат да се занимаваат со работата што ти ја работиш?

Повторно за да ги избегнам „шаблон“ зборовите, ќе кажам дека е навистина тажно да ја работиш оваа работа, а да не ја сакаш. Музиката се сака, музиката е живот.


Интервју: Наташа Секуловска
Фото: Лична архива 

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.