Header Ads

Емилија се врати посилна од секогаш на музичката сцена со баладата „Завинаги“


Емилија како вистински професионалист се врати на музичката сцена со баладата „Завинаги“ после страшната сообраќајка која ја преживеа во месец мај заедно со нејзиниот вереник и неговиот син.

Имено, баладата е посветена на загинатиот Феди Башур кој го напушти овој свет предвреме, а за само неколку дена песната има повеќе од 800.000 прегледи во официјалниот канал на телевизија Планета во Youtube, а нејзините фанови  го искажуваат своето сочуство кон овој толку тежок момент за неа и нејзините блиски.
Емотивниот текст кон баладата е дело на Мариета Ангелова, додека пак музиката е дело на српскиот композитор Саша Николиќ со аранжман на Даниел Ганев. Видеоспот го изработи режисерот Николај Скерлов.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Светослав Корчијски

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.