Тони Дачева се врати на музичката сцена со песната „Играч“
Тони Дачева, важи за една од емблемите на бугарскиот
попфолк, редејќи зад себе хитови во т.н. „златната доба на попфолкот“.
Имено, бугарската ѕвезда одлучи после подолгата пауза во својата долгогодишна музичка
кариера повторно да се врати на сцената и по телевизија Планета ја претстави
својата најнова песна „Играч“ придружена со видеоспот.
Парчето е по музика и аранжман на Светослав Лобошки,
додека пак за текстот се погрижи Лилјана Димова, тимот кој Тони Дачева со
години не го сменува и им се доверува кога се во прашање нејзините музички
проекти. Режисер на спотот, кој носи летно расположение го изработи Ивајло
Спасов, а екслузивно ви откриваме дека изведувачката работи паралелно на уште
неколку проекти кои планира да ги издаде. Што се ни има подготвено, останува да
видиме.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ
No comments