Header Ads

(Видео) Лорена мами воздишки во спотот за песната „Вредна“


После мегахитот #НИЩО, бугарската пејачка Лорена денес го претстави својот нов музички проект по Hit Mix Music TV, кој носи интересен наслов „Вредна“.

Песната е дело на нашиот композитор Јоранчо Василкоски-Oцко, со текст на Анастасија Мавродиева и Петар Петров. Режисер на видеото, во кое имаме можност да ја видиме пејчката во една малку поразлична светлина, демонстрирајќи умерена доза на сексапил е дело на Станислав Христов – Стенли.
„Секогаш сум споделувала дека е најважно како се покажуваш. Во секојдневието си се потпирам целосно на мојот сопствен вкус. За проектите работам со тим, заедно разгледуваме идеи и донесуваме решение. Сакам да еспериментирам, но никогаш не би облекла нешто што не ми се допаѓа, не би ја направила косата на начин на кој мене не ми се допаѓа, дури и да е актуелно“ – сподели ексклузивно таа за нас.


Во прилог, погледнете ја песната  #Вредна
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Лична архива 

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.