Header Ads

Нов хит во најава: Малиот Љуба во дует со Северина за песната "Tutorial"


Миленикот на српската нација, Љуба Станковиќ успеа да стигни до самиот финал на музичкиот натпревар „Пинкови ѕвездички“, но тоа не го спречи да ја започни својата музичка кариера.

Имено, познатата хрватска пејачка Северина Којиќ вчера ја објави својата најнова песна "Tutorial", најавувајќи го својот нов музички албум, во која го вклучи малиот Љуба, кој како за прв пат одлично се снајде во својата улога, а со своите вокали не ги остави рамнодушни сите оние кои веќе ја слушнаа песната.
Песната е дело на Буба Корели и Јала Брат, кои за брзо време се прославија низ целиот Балкан со своите хитови, меѓукои правејќи го минатата година и целиот албум на босанската пејачка Маја Беровиќ кој ги сруши рекордите на продаваност и слушаност.

„Љуба е пресреќен поради соработката со Северина и веднаш кога таа ни се јави дека сака да сними дует со него, тој беше пресреќен и веднаш прифати“ – сподели неговиот татко за српските медиуми.
Во прилог, погледнете го видеото кое во моментов е во топ десет во најгледаните на Балканот.

 Автор - Наташа Секуловска
Фото - Instagram

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.