Header Ads

Емануела: Подготвувам нов дует со Джордан


Емануела ги израдува своите обожователи  во емисијата „На кафе“ со ексклузивната вест дека со нејзиниот колега Джордан подготвуваат нов дует.

„Сега од тука ќе одам да запишувам нова песна. Подготвуваме дует со Джордан и тоа кон една многу убава песна“ – откри изведувачката.

Паралелно со настапите низ Бугарија и подготвката околу новиот дует, сексапилната пејачка подготвува и нов музички албум, кој ќе биди за прв пат издаден од страна на музичката компанија Пајнер.

Крајно време е да издадам нов албум, но сеуште мислам и не знам што ќе вклучам во него. Но се надевам наскоро да стани факт“.

Во меѓувреме таа се радува на огромен успех на песната „Гледай ме на снимка“, која за два месеци има над 4.800.000 прегледи во официјалниот канал на телевизија Планета во YouTube и една од најслушаните песни во соседна Бугарија, позицонирајќи се на првите места во музичките топ листи.


Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.