Header Ads

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ го изговорија судбоносното „ДА“


Српската пејачка Александра Пријовиќ, која се прослави со хитот „Za nas kasno je вчера стапи во брак со Филип Живојиновиќ, син на легендарната балканска  ѕвезда Лепа Брена.

Црковната церемонија се одржа во Белград, во црквата Св.Василиј Острошки каде што младенците пристигнаа со бела кочија специјално изнајмена за свадбениот ден.
Невестата смени повеќе венчаници, но за промена на стајлингот се одлучи и Лепа Брена, која  промени три модни комбинации. За венчавката во црква,  мамеше воздишки во елегантен  виолетов стајлинг, додека пак за вечерната свадбена прослава се пресоблече во цветен костум.

На прославата присуствуваа повеќе од 900 гости поканети од целиот свет, а од нашата земја гостин беше познатиот кошаркар Перо Антиќ.
Во прилог погледнете дел од свадбените фотографии и видео.



Автор:Наташа Секуловска
Фото:Instagram

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.