Header Ads

(Видео) Джена: „Во последните години се повеќе се наметнува тенденцијата да нема делење на стилови и жанрови“


Джена го започна летото ударно со нејзината песна „Хулиган“, во која имаме можност пејачката да ја видиме во една поинаква светлина од се што досега ни има претставено.

Синглот е во R`n`B звук и излегува надвор од рамките на попфолкот типичен  за жанрот во кој пее ѕвездата на Планета Тв, која реши овој пат да направи песна, целосно согласно она што го бара публиката по ноќните клубови каде што настапува.

„Одамна го подготвувам овој проект, затоа што сакав да е нешто навистина различно. Во последните години се повеќе се наметнува тенденцијата да нема делење на стилови и жанрови. Музиката е или убава или не е“ – сподели Джена за своето решение да направи песна со ваков модерен западен звук.
Музиката и аранжманот на „Хулиган“ се дело на композиторот Велислав Драганински, додека пак текстот е на Анастасија Мавродиева. Режисер на видеото кое е снимено на три локации низ Софија е на Георги Марков, во кое имаме можност да ја видиме Джена целосно променета, како русокоса, која специјално за потребите на видеоспот го измени својот изглед, а стајлингот го подготви стилистот Стојан Апостолов.
Во меѓувреме, поради силниот интерес кон песната, пејачката објави игра во својата официјална страница кон нејзините фанови, во која во рок од еден месец имаат можност да испраќаат свои видеа со караоке од музичкото парче, а најдобрите ќе бидат наградени со нејзините два нови албуми.



Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ



No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.