Header Ads

Глорија: “Нюанси сиво“ е мојот летен подарок за сите вас


Големата бугарска пејачка Глорија или како што многумина ја нарекуваат Дивата на попфолкот пред неколку дена ја претстави својата најнова песна “Нюанси сиво“ во официјалниот канал на телевизија Планета во YouTube – PlanetaOfficial, која веднаш успеа да го привлечи вниманието на публиката позиционирајќи се на првите места во музичките топ листи.

Песната е по музика и аранжман на композиторот Калин Димитров, додека пак текстот е заедничко дело на самата изведувачка и Мариета Ангелова. Режисер на видеото е Људмил Иларионов - Љуси, во кое Глорија демонстрира завидна фигура и одличен стајлинг, правејќи  одлична комбинација на современи трендови, сексуална привлечност и елеганција.

„Долго време не правев нови работи, нови песни, имав доста тежок личен период. Минатата година воопшто не ми беше до музика, но оваа година подготвувам и нов музички албум за своите обожоавтели.“Нюанси сиво“ е мојот летен подарок за сите вас– сподели таа екслузивно за Планета ТВ.


Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.