(Видео) Слушнете го дуетот кој го освои целиот Балкан
Милица Павловиќ важи за една од најуспешните српски
пејачки во последните неколку години, редејќи зад себе успешни настапи во сите
европски земји, благодарение на својот талент.
Пред неколку дена таа го претстави својот прв дует „Kidas me“ со нејзиниот колега Аца Лукас, кој преку
ноќ се претвори во најслушана песна во регионот. Песната е по музика и аранжман
на грчкиот композитор Евангелос Тасопулос Фоебус, додека пак феноменалниот текст е дело на Љиља Јорговановиќ, а видеото кое наликува на мини филм е на NN Media.
Ексклузивно двата изведувачи пред
списанието Story откриваат како дошло до
идејата да запишат дует:
„Двата многу ја сакаме
музиката и работата која ја работиме, што нас всушност не спои и не зближи“- сподели
Аца, додека пак Милица го дополни „Го имав тоа задоволство Аца Лукас да го
запознам на почетокот на својата кариера и првиот комплимент од некоја
голема ѕвезда да го добијам баш од него. Со текот на годините нашиот однос се
развиваше, врзувајќи не со повеќечасовни разговори за животот, работата, луѓето
и можам да кажам дека го имам многу добро запознаено. Тој е еден човек кој
многу го ценам и сакам“.
Популарната пејачка минатата ноќ за прв пат ја претстави својата
најнова песна пред македонската публика во клуб Calypso – Прилеп, каде
што за нејзиниот настап се бараше
карта повеќе, а публиката ја воодушеви со феноменалениот настап изведувајќи ги песните од своите албуми, но и
со одличното танцување.
Во прилог погледнете го дуетот:
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Instagram
No comments