Header Ads

(Видео) „Ало, Звъня ти“ на Роксана со премиера по Планета Тв


Бугарската пејачка Роксана ова лето одлучи да ги освојува музичките топ листи со песната „Ало, Звъня ти“, која беше вчера официјално претставена по телевизија Планета и во официјалниот канал на телевизијата во YouTube.

„Песната ја подготвував подолго време, затоа што сакав да биди поразлично од се она што досега го имаат моите обожователи слушнато од мене. Пред неколку дена снимивме и видеоспот, кој е готов и веќе од вчера се врти по Планета Тв, а во него повторно учество зема и мојот сопруг Александар кој постојано ме подржува во се, а тоа ми дава мотив за работа. Се надевам дека ќе и се допадне на публиката новата песна“ – изјави Роксана за нас.

„Ало, Звъня ти“ е по музика и текст на Невена Пејкова, аранжман на Преслав Бориславов, додека пак за видеото пејачката овој пат се довери на режисерот Ивајло Спасов.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.