(Видео) Камелија ги освои музичките топ листи со хитот „Хотел на греха“!
Камелија |
Сексапилна, провокативна,
секогаш насмеана, смела и многу позитивна – тоа е Камелија, попфолк дивата која
грее на сцената уште од 90-тите години на минатиот век. Камелија си е Камелија! За неа годините се само бројка.
Времето запрело, а таа знае што е класа и стил, а пред еден месец ја
промовираше својата најнова песна „Хотел на греха“ (Хотел на гревот).
Песната е дело на српскиот
композитор Бане Опачиќ, со аранжман на DIAMOND BEAT PRODUCTION, додека пак за
текстот се погрижи Костадин Милев во соработка со самата пејачка. Видеоспотот е
дело на Валери Милев.
Камелија |
„Оваа песна ја подготвував
долго време, како и претходната „Името ти“. Едно разбрав за себе си, а тоа е
дека одредена песна ќе стани хит тогаш кога повеќе пати ќе ја преслушам и ќе ја
презапишам. Дури денот кога го снимавме спотот, направив нов рефрен, а неколку
дена покасно запишав и нов текст.“ -
сподели таа во емисијата „Преди обред“.
Камелија - „Хотел на греха“ |
Во меѓувреме таа замина на
турнеја по трет пат во Северна Америка, каде што им гостуваше на бугарите и
македонците во Чикаго, Атланта, Торонто, Сиетел, Сан Франциско, Лас Вегас, полнејќи ги клубовите и рестораните, повторно
докажувајќи дека за добрата музика не постојат граници. После турнејата, таа во месец ноември по трет пат ќе биди член на жирито во „Гласот на Бугарија“.
Камелија - Американска турнеја 2019 година |
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Лична архива
No comments