Header Ads

Цветелина Јанева: „2019-та е една от најсилните мои години!“

Цветелина Јанева 


Вчера на 5-ти октомври, јубилеен 30-ти роденден прослави една од најуспешните бугарски пејачки Цветелина Јанева. Големата прослава се одржа во Софија, на која присуствуваа нејзиното семејство, пријатели и неколку колеги.

“2019-та е една от најсилните мои години!“– сподели пред камерата на телевизија “Планета“ таа. „Мојот нов 4-ти самостоен албум е веќе готов, но нема да го пуштам сега затоа што сакам во него да вклучам и нешто ново и ќе излези во првите месеци на 2020 година“
 
Цветелина Јанева
Имено, оваа година талентираната пејачка пушти два големи хитови кои ја обележаа годината , а тоа се  “Болка моя“ и дуетот со Фики - “Не ме оставяй“. Ексклузивно ви откриваме дека во месец ноември ќе биде презентиран нејзиниот најнов видеоспот, која песна и премиерно ќе биде изведена на големата сцена во сала „Колодрума“ во Пловдив на 3-ти декември по случај 18 години телевизија „Планета“.

Тимот на #EstradaWorld и го честита роденденот со желби за се најубаво и уште поголеми успеси на секое поле во животот!




Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.