Header Ads

„Мома Яница” се претвори во омилена авторска народна песна во соседна Бугарија!

Јаница


Вистинска реткост е авторска народна песна да достигне милионски прегледи во YouTube, а токму таков пример е песната „Мома Яница” (Мома Јаница) на бугарската пејачка Јаница. За само пет години таа регистрира 10.000.000 прегледи, сместувајќи се во редот на најслушаните песни во историјата на бугарската народна музика.

Песната е дело на композиторот Димитар Милев, со текст на Тошко Колев. Видеоспотот е снимен во текот на 2015-та година во Комплекс „Приказките“ во град Харманли, Бугарија и е вклучена во првиот народен албум на пејачката кој излезе минатата година и  кој го носи нејзиниот наслов.
Јаница

Во интервјуто кое ни го даде Јаница минатата година за нас како македонски медиум, таа сподели:

„Многу интересна приказна е таа песна. Имав демо на песната од Димитар Милев нејзиниот композитор  и требаше да се даде за текст. Кога го добив текстот,  ми беше малку чудно дали да го испеаам со тој текст, нели за мома Јаница, како да пеам за себе си и всушност си мислев дали да е тој текстот или да направам друга варијанта. И тогаш баш заминав на турнеја во САД и немаше како, освен да ја оставам песната на втор план и да ја запишам идната година. Но, кога нешто е пишано да стани дали порано или покасно тоа ќе се случи. И идната година, кога Хари Јанакиев како менаџер на Планета Тв постојано ме прашуваше дали ќе пуштам народна песна и јас реков имам песна која не знам дали да ја испеам, се чудам за текстот, во неа се пее за мома Јаница и тој ми рече многу е убаво името, треба да ја запишеш песната, таман е за тебе и така можеби тој допринесе за таа песна да стани она што е денес. Ја запишав, ја снимив во празничната програма за телевизија Планета и на луѓето веднаш им се допадна. Уште кога ја снимавме тв –верзијата самите колеги ми велеа многу убава песна и тогаш веќе го привлеков на некој начин вниманието на публиката. Едноставно јас не очекував толку да има голем интерес кон неа, можеби затоа што самата јас не ја почувствував  од самиот почеток оти се мислев за текстот, а како мелодија многу ми се допаѓаше. На крај се покажа дека името ми носи среќа ( се смее). Кога луѓето јнешто го оценуваат како добро тогаш ја ценат мојата работа и мојот труд, а тоа е најважно“.

Во прилог погледнете ја песната:
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Лична архива

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.