(Видео) Погледнете го музичкиот дуел на Елена Јовческа и Стојне Николова
![]() |
Елена Јовческа и Стојне Николова |
Елена Јовческа и Стојне Николова кои важат за едни од
нашите познати попфолк пејачки, одлучија на македонската публика да и
претставаат нешто несекојдневно, следејќи ги музичките трендови во регионот.
Станува збор за микс од четири минути снимен во студиото
на Бобан Мојсовски, а за видеото се погрижија од Ин Продукција. Миксот опфаќа неколку песни од поп и попфолк музиката, но и од нашата народна фолкорна област. Како што
споделија двете изведувачки, главен
„виновник“ за овој проект е Елена, за која мора да признаеме дека оваа година е
најактивна наша пејачка претставувајќи доста нови песни од различни жанрови, но, таа направи одличен избор кога за овој дуел ја избра нејзината колешка Стоје Николова, бидејќи гласовите им се совпаѓаат.
![]() |
Елена Јовческа и Стојне Николова |
„Со Стојне приватно доста се дружиме и искрено за да
направиш еден ваков проект треба да бидеш доста близок со одреден човек, за да
излези нешто кое ќе остави позитивен впечаток кај публиката. Се надевам тоа и
го постигнавме со овој микс, бидејќи реакциите се навистина позитивни и тоа
може само да ме радува и исполнува со мотив уште повеќе да работам“ – сподели за
нас Елена, а во прилог погледнете за што станува збор.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Лична архива
No comments