(Видео) Роксана предизвика лавина од позитивни коментари со песната „Спомени“
Роксана |
Роксана ги израдува своите обожователи со нова балада „Спомени“,
која уште од прво слушање допира во срцето. Нежна, а во исто време толку силна
балада. Едноставно текстот е полн со
емоции, а видеото - цела животна приказна во 5 минути.
Песната до овој момент е со над 300.000 прегледи за само 24
часа во официјалниот канал на телевизија „Планета“, а е авторско дело на самата
пејачка, со аранжман на композиторот Мартин Биолчев, додека пак силниот текст е
соработка помеѓу Роксана и Мариета Ангелова. Видеото го изработи режисерот
Николај Скерлев.
Роксана |
“Не на последно место сакам да му благодарам на големиот Атешкан
Теофиков за тоа дека неговата гитара и учеството во песната е како магичен
прав, кој те потикнува да се вљубиш силно и засекогаш. Тоа е првата моја песна
по моја музика и текст од која цела треперам и се расплакав. Што се однесува до
учеството на мојот Александар во видеото, ќе бидам кратка и ќе кажам дека никој
актер или модел нема толку сериозно да ја одигра улогата како што направи тој.
Ви благодарам од срце на сите за убавите оценки.“ – сподели за нас Роксана.
Во прилог, погледнете за што се работи:
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ
No comments