Header Ads

Ексклузивно: Лепа Брена сними спот кон чисто нова песна

Лепа Брена


Една од најголемите балкански ѕвезди - дивата Лепа Брена, која многупати има докажано дека музиката нема граници и ги има поместено музичките стериотипи, овие денови сними нова песна и видеоспот со наслов „Одисеја на љубовта“ ("Odiseja ljubavi").

Ова е прв пат како дивата соработува со режисерот Игор Кушичем, со кој снимаше неколку дена, а ќе имаме можност да ја видиме во едно сосема ново и поразлично светло за нас.
Лепа Брена - „Одисеја на љубовта“

Лепа Брена - „Одисеја на љубовта“

Исто така, убавите моменти за неа не запираат тука. Покрај премиерата на новата песна која е закажана за неколку дена, таа вчера го прослави својот 59-ти роденден во кругот на своето семејство и за прв пат со својот внук Александар. За љубителите на аналогниот звук им подготви плоча со нејзиниот последен албум „Zar je vazno da l' se peva ili pjeva“, а може да го купите на сите поголеми купопродажни места низ Србија, како и да го порачате онлајн.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Гранд продукција, Hello magazine

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.