Header Ads

(Видео) После кратката пауза, Глорија повторно го враќа летниот дух и ритам!

Глорија

Големата бугарска пејачка Глорија или како што многумина ја нарекуваат Дивата на попфолкот, изминатиов период и беше исполнет со многу концерти и клубни настапи, поради што одлучи да направи мала пауза од една година и да не издава ништо ново.

На 24-ти октомври по телевизија Планета ја промовираше својата најнова песна „Любима“ (Омилена), повторно во нејзиниот класичен попфолк стил, по кој е препознатлива цели 25 години во соседна Бугарија. 

Музичкото предложение од неа за оваа есен е дело на композиторот Калин Димитров, додека пак текстот е соработка помеѓу Глорија и писателката Мариета Ангелова.
Глорија

Глорија

За нејзиниот изглед се погрижија Борислав Соколов – Бони (шминка) и Кремена Добрева (коса). Но, нејзините изненадувања не запираат тука. Покрај оваа песна, Глорија има подготвено и други нови песни, а се очекува во печат да излезе и нејзината автобиографија.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.