Джена подготвува нови музички проекти
Джена |
Бугарската ѕвезда на телевизија „Планета“ – Джена, ексклузивно
објави дека за брзо време ќе ги претстави своите најнови музички проекти
по кои работи долг временски период, а кои нестрпливо ги очекуваат сите нејзини
обожователи.
Ова е најсреќната вест за сите нив, а доказ за тоа е и
песната „Горкото момиче“ која излезе во месец јуни оваа година, а се уште
е една од најслушаните песни во соседна Бугарија, но и пошироко.
Джена |
Имено, веќе цели 11 години интересот кон Джена е
исклучително голем и следниот месец повторно ќе и биде исполнет со многу емоции, затоа што на 16 ноември таа ќе биде специјална гостинка во Велика
Британија во Лондон, а местото на забавата е запазено за Grand Selby Marquee,
Selby Centre.
Джена веќе има подготвено посебна музичка програма, со која планира да поднесе многу свежо расположение во срцата на сите гости на забавата.
Джена веќе има подготвено посебна музичка програма, со која планира да поднесе многу свежо расположение во срцата на сите гости на забавата.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ
No comments