Header Ads

(Видео) Јунона го привлече вниманието на публиката со песната „Само“


Јунона


Со својот најнов музички проект „Само“Јунона  го привлече вниманието на своите фанови, кои го оценија со доста високи оценки и позитивни коментари.

Премиерата на музичкиот проект беше вчера во официјалниот канал на телевизија "Планета" во YouTube - PlanetaOfficial и брзо успеа да се издвојува како еден од хитовите музички предлози на оваа сезона, а за неговата подготовка имаше спомнато и самата изведувачка пред неколку месеци во ексклузивното интервју кое ни го даде за прв пат како македонски медиум.
 
Јунона

Јунона

„Со композиторот Мартин Биолчев имаме започнато друг попфолк проект, кој се уште е демо и на него го очекувам текстот и се надевам кон крајот на ова лето да успеам да го реализирам  и него со видеоспот“.

„Само“ е по музика на Мартин Биолчев, со текст дело на Јордан Геров, додека пак видеоспот го изработи режисерот Људмил Иларионов – Љуси.


Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ


No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.