(Видео) Преслава и Галин први по гледаност во YouTube со дуетот „Така ни се пада“
Галин и Преслава |
„Така ни се пада“ е насловот на првиот музички дует на
Преслава и Галин, кој за радост на нивните обожователи ги обединија своите
таленти и им ги исполнија нивните долгогодишни желби регистрирајќи над 600.000
прегледи во You Tube за само 24 часа.
Песната е по музика на Галин и Дејан Асенов, кој се
погрижи и за нејзиниот аранжман, додека пак текстот е соработка повторно помеѓу
Галин и Николај Гурманов. Видеото кое го привлече вниманието на фановите, оставајќи
позитивен впечаток е дело на режисерот Виктор Антонов, со камерман Радослав
Гочев.
„Така ни се пада“ |
После албумот „Да гори в любов“ кој излезе на 9-ти септември, Преслава не
престанува да ги изненадува пријатно своите верни обожователи, кои нестрпливо
очекуваат еден ден да ги израдува и со свој голем самостоен концерт.
Во прилог, погледнете го видеото:
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ
No comments