Телевизија Планета прославува полнолетство со голем концерт на 3-ти декември!
Европскиот град на културата за 2019-та година – Пловдив
во Бугарија ќе биде домаќин на големиот концерт на познатата музичка телевизија
„Планета“.
18-тиот роденден на најсаканата и најгледаната телевизија
ќе се одржи на 3-ти декември во сала „Колодрума“ со почеток во 19:00 часот по
бугарско време. Билетите веќе официјално се пуштени во продажба и се достапни
во мрежата на eventim.bg.
Со сигурност забавата ќе биди многу „жешка“, ѕвездна и
хитова, затоа што на сцената ќе се качат едни од најпознатите бугарски попфолк ѕвезди
како Преслава, Ивана, Глорија, Анелија, Емилија, Галин, Цветелина Јанева, Джена и
многу други.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ
No comments