Ексклузивно: Преслава руши рекорди по продажба со новиот албум „Да гори в любов"!
Преслава |
После осум години од издавањето на последниот албум на
бугарската попфолк дива Преслава – „Как ти стои“ кој излезе на 11.11.2011
година, таа одлучи по повод 15 години на музичката сцена своите многубројни
обожователи да ги израдува со нов албум кој го носи насловот „Да гори в
любов", а која песна се претвори во
најслушан хит во соседна Бугарија за 2018 година со над 18.000.000 прегледи.
Преслава |
Албумот беше пуштен во продажба на 09.09.2019 година,
која дата беше избрана од страна на обожователите на пејачката и еден ден по неговата премиера веднаш беше распродаден, факт што доволно говори за неговиот голем интерес кој го предизвика. Тој содржи 11
песни создадени низ последните три години, а во него е вклучен и дуетот со Драган
Коич-Кеба, "Bogovi zemljom hode".
Преслава |
Пет од песните се чисто нови и беа претставени три дена
пред неговото излегување во официјалниот канал на ѕвездата во YouTube
– Preslava, а тоа се "Трябваш
ми", "Не те забравям", "Крадец на време", "Право
в очите" и "Не идвай", кои веднаш добија позитивни коментари и се
наредија на првите топ листи во Бугарија.
Преслава |
Новиот албум на Преслава за љубителите на носач на звук достапен е во форма на CD и може да го купите и од продавниците на "Пайнер" низ Бугарија, како и да се порача во еMAG, а е достапен и на сите
дигитални платформи.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв
ПРЕСЛАВА - "ДА ГОРИ В ЛЮБОВ"Фото - Планета Тв
No comments