Header Ads

(Интервју) Малката: „Имам поставено високи цели во музиката за кои се надевам ќе ги остварам“

Интервју со Малката


По повод петтиот роденден на вашиот омилен музички сајт, ви подготвивме многу изненадувања, а веќе е факт и второто роденденско интервју со  новата ѕвезда на Планета Тв – Малката. Имено,  тоа е познатата пејачка Ванеса, која ја освои публиката со својот талент. Во ексклузивното интервју за нас, ќе дознаете многу интересни детали сврзани околу нејзината кариера, како и што се и има подготвено на публиката до крајот на оваа година.

Estrada World: Здраво Малката. Имено нема потреба од многу претставување, затоа што сте и добро познати на македонската публика која е редовен слушател на вашите песни. Го делите ли мислењето дека со добра песна може да се изгради добра кариера?

Малката: Здраво на сите во Македонија. Се радувам што ги слушате моите песни. Мислам дека во основата на сите работи,  стојат имено добрите песни и професионализамот.

Estrada World: Зашто ја напуштивте компанијата “Ара Music“ и потпишавте договор со најголемата музичка компанија во Бугарија „Пайнер?

Малката: Благодарана сум на “Ара Music“ што го оценија мојот талент и успеав да ги направам првите чекори кон големата сцена со нив. Долго време кариерата ми беше во застој и не можев да се претставам со целиот мој потенцијал. Сметам дека во „Пайнер“ ќе ја имам таа можност.
Малката

Estrada World: Која е причината да не го користите повеќе псевдонимот Ванеса ( кое е всушност и вашето вистинско име и така ја започнавте својата кариера), а во „Пайнер се појавивте под псевдонимот Малката?

Малката: Иако за некои луѓе тој псевдоним им е некако чуден, за мене не е. Уште од заедничката ни песна со Алисја започнаа да ме нарекуваат така. Потоа, откако го разработивме проектот „Малката“, по неговата целосна реализација,  се одлучивме за тој псевдоним.

Estrada World: Но, имате ли право да ги исполнувате вашите песни, продуцирани от страна  на “Ара Music “ на вашите настапи?

Малката: Секогаш би ја испеала одредена песна на моите обожователи штом е слушана и сакана. Работата ми е да пејам и да ги радувам моите обожователи.
Малката

Estrada World: Задоволни ли сте от успехот  на двете песни „Не ме занимавай“ и „Гръм“ и покрај тоа што последната ви излезе пред неколку дена?

Малката: Двете песни се примаат одлично од страна на фановите и тоа ме прави горда и среќна. Задоволна сум од успесите кои ги постигнавме со мојата екипа и имам мотив уште повеќе да работам.

Estrada World: Имаше период во твојата кариера кога не одевте на настапи. Ви недостасуваше ли контактот со публиката?

Малката: Направив долга пауза и навистина сцената ужасно ми фалеше. Средбите со публиката ме мотивираат да работам повредно и да давам се од себе си.

Estrada World: Обожователите ви мислеа дека последната ви песна ќе биде дует со Денис Теофиков. Има ли шанса да им ја исполните желбата и да направите нешто заедничко?  

Малката: Кога ќе дојде време за таков проект со задоволство ќе ги израдуваме обожователите и ќе го реализираме.
Малката и Денис Теофиков

Estrada World: Какво е вашето мислење за баладите? Да очекуваме ли една таква од Вас во зимскиот период?

Малката: Кон моментот сум фокусирана кон подинамични хитови затоа што гледам дека тоа го сакаат моите обожователи.

Estrada World: Тешко ли е да се биде мајка и пејачка во исто време?

Малката: Тешко е да. Но, кога ќе ја најдиш формулата и балансот, сѐ се постигнува.

Estrada World: Има ли пријателство во попфолкот? Некој на кој може да се доверите?

Малката: Пријателство може да има насекаде, ако луѓето си одговараат и се почитуваат меѓусебно  независно од нивната професија. За никој не е тајна дека со Алисија сме блиски пријателски од долги години.
Малката

Estrada World: Летото е сезона за одмори, но дали Вие најдовте време за себе си и да се одморите од секојдневните обврски?

Малката: Во моментот  работата ми е приоритет и сум сконцентрирана целосно врз неа. Ако ми се даде можност би одморила на неколку дена.

Estrada World: Кој збор најдобро го опишува вашиот карактер?

Малката: Не би можела да се опишам со еден збор ( се смее).

Estrada World: Дали за вашиот одличен надворешен изглед е заслужна здравата исхрана или спортот?

Малката: Од се по малку.
Малката

Estrada World:  Кои се вашите планови, очекувања, надежи од тука натака?

Малката:Со мојата екипа сме си поставили високи цели и сум сигурна дека ќе ги постигнеме.

Estrada World: За крај Ви благодарам за оделеното време, со желби за се најубаво и уште поголеми успеси. Што ќе им посакате на читателите на Estrada World?

Малката: И јас ви благодарам. Ми беше пријатно да одговорам на вашите прашања. На сите читатели на Estrada World им посакувам да бидат здрави, позитивни и да продолжат да ги следат вашите рубрики со голем интерес.
Интервју:  Наташа Секуловска за Estrada World
Фото: Планета Тв
Дизајн: Дејан Величковиќ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.