Header Ads

Ексклузивно: Преслава изненадува со нов албум кој излегува на 9-ти септември!

Преслава


Бугарска попфолк дива Преслава официјално објави дека во продажба ќе го пушти својот најнов музички албум кој го носи насловот „Да гори в любов “,  после  осум години од излегувањето на последниот албум „Как ти стои“.

Неговата појава ќе биде на 9 ти септември и ќе содржи 11 песни, од кои 6 се добро познати на публиката, а останатите 5 се чисто нови песни. За радост на нејзините многубројни обожователи премиерата на песните веќе започна во нејзиниот официјален YouTube канал – PRESLAVA, од кои првa се појави   „Не те забравям“ која се искачи на прво место за најслушна песна за само 24 часа со над 150.000 прегледи и е дело на композиторот Борислав Павлов со текст на Борислав Павлов и Костадин Милев.
Но, вниманието го привлече и баладата „Не идвай“  која исто така собра суперлативи од нејзините обожователи, пред се со неверојатниот текст кој е на Росен Димитров, а за музиката се погрижи композиторот Велислав Драганински, еден од луѓето заслужен за најголемите хитови на Преслава во почетокот на нејзината кариера.
Преслава

Очекувајте ги останатите три песни до броени часови во нејзиниот официјален YouTube канал – PRESLAVA, а дотогаш преслушајте ги овие две прекрасни песни, за кои ги очекуваме вашите коментари.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.