Header Ads

(Видео) Джена ги освои срцата на публиката со песната „Вижте го, жени“!

Джена


Песната „Вижте го, жени“ на познатата бугарска пејачка Джена само со премиерата на 29-ти октомври успеа да го привлече вниманието на публиката, бидејќи брзата мелодија и силниот текст се тајната формула за успех на изведувачката низ сите нејзините години на музичката сцена.

Текстот на „Вижте го, жени“ е дело на Анастасија Мавродиева, додека автор на парчето е Велислав Драганински. Видеоспотот е снимен од страна на режисерот Виктор Антонов, со кој Джена работи во последно време во UFO Film and Television Studios во Долна Малина, Бугарија.
Джена

Специјална улога во песната има и сопругот на Джена, Атанас Стоев кој повторно ги воодушеви обожователите со својата виртуозност на ударните инструменти – неговата најголема страст во работата.
Атанас Стоев

Парчето се врти веќе по Планета Тв и Планета HD,  а своја премиера ја имаше и пред публиката во Софија каде што пејачката имаше свој настап минатата вечер, а оваа вечер ќе имаат можност да ја слушнат на живо жителите на Стара Загора.
Джена

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Викторија Сиракова

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.