(Видео) Маја Беровиќ регистрира милионски прегледи со песните „Улога“ и „Змај“ за само три дена!
Маја Беровиќ |
Босанската поп пејачка Маја Беровиќ ги израдува своите
многубројните обожователи со две нови песни „Улога“ и „Змај“.
Низ годините пејачката остана верна на добриот стил и
прецизен музички избор на песните кои ги претставува, а „Улога“ и „Змај“ ја продолжуваат таа линија. Песните веднаш
регистрираа многубројни прегледи на YouTube откако беа презентирани на 4-ти
ноември во официјалниот YouTube канал на Маја, а нејзините обожователи веднаш побрзаа да ја пофалат за добрите проекти и
дека секогаш пријатно ги изненадува.
Песната „Улога“ е по музика и текст на Јала Брат, Буба Корели и Игор Бузов, со
аранжман на Марко Драгиќ – Пабло и Римда, додека пак „Змај“ е дело на Јала Брат и Марко Драгиќ – Пабло.
Видеата ги изработи Toxic
Entertainment, а во кои Маја изгледа поубаво од секогаш, демонстрирајќи
одлична фигура. Во прилог може да ги погледнете песните и да процените сами, дали
истите ќе станат вистински хит на Балканот.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Дејан Величковиќ - www.dvisualart.mk
Лична архива
No comments