Header Ads

Десислава: Време е да се вратам на сцената со нешто ударно!

ДесиСлава

Познатата попфолк пејачка ДесиСлава беше специјална гостинка во емисијата „Автограф“ по телевизија Планета, каде што за прв пат даде ексклузивно интервју после раѓањето на нејзиниот втор син – Борис и враќањето на музичката сцена минатата година.

„Откако го родив Борис, извесно време имав т.н.постпородилна депересија која требаше да ми помини побрзо, но за жал не ме напушти толку лесно. Дури сега пред два месеци се почуствував како готова за нов почеток. Од пред извесно време имам желба и за диети, бидејќи реално доста многу килограми качив за време на бременоста и сега е време да се вратам во форма и  со нешто ударно. Нешто што ќе го потикни артистот во мене, каква што ме знаат моите обожователи сите овие години“. – сподели таа.

ДесиСлава во емисијата „Автограф“ по Планета ТВ

Во моментов екслузивно ви откриваме дека ДесиСлава работи по два нови музички проекти, од кои едниот ќе биде презентиран за неколку дена на публиката.
„Песната е наменета за забави, а спотот ќе биди со историја. Сакам  во него да се раскажува нешто“. 
Што точно ни има подготвено останува да видиме, дотогаш слушнете ја песната „Вторник беше“:
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.