Header Ads

(Видео) Северина предизвика лавина од емоции со песната посветена на нејзиниот син

Северина


„Ти не го познаваш светот толку добро како јас, кога си млад им веруваш на сите, а не знаеш какви се луѓе има...“ со овие стихови започнува новата песна на Северина - „Rođeno moje“ (Родено мое) која беше качена на нејзиниот YouTube канал пред неколку дена.

Моментално песната е на прво место по гледаност во YouTube, регистрирајќи над 4.000.000 милиони прегледи, предизвикувајќи лавини од коментари низ социјалните мрежи, затоа што моментално ова е нејзината најемотивна балада, а е посветена на нејзиниот син Александар.
 
Северина
„Ова е една голема песна, во која може да се пронајди секој родител и секој човек. Кога Милош ми ја испрати во мене веднаш предизвика ерупција од емоции и веднаш ја запишав. Пораката на песната е безусловната љубов“ – изјави Северина.
 
Северина
Станува збор за песна дело на композиторот Милош Рогановиќ, која е снимена во Загреб, а видеото беше изработено во Љубљана.

Во прилог погледнете ја:

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Северина

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.