Ексклузивно: Глорија со двојно изненадување за публиката
Глорија |
Една од најпознатите жени во Бугарија конечно
раскажува за себе во една книга.
Галина Иванова, која сите ја познаваме како
пејачката Глорија, цели 25 години е на музичката сцена и интересот кон неа не
престанува, затоа што отсекогаш се истакнува со посебен стил и индивидуалност. Всушност,
нема потреба од многу претставување, нејзиното име зборува многу за неа. И мали
и големи ги слушале и продолжуваат да ги слушаат нејзините песни, бидејќи е
една од оние пејачки коишто оставиле
длабока трага во времето.
Во интервју за нас од пред извесно време таа
сподели, како ја започнала својата кариера во далечната 1994-та година:
„Навистина сум почестена и човек навистина се
чувствува много добро кога ќе добие такво признание од нашата соседна земја
Македонија. Да, во 1994 година започна мојата кариера. Многу луѓе ми помогнаа.
Прво, плевенскиот композитор и неверојатниот музичар на нашата легендарна
бугарска поп група Дијана Експрес, која за жал повеќе не постои. Но, човекот
кој прв ми подаде рака е Максим Горанов. За прв пат отидов во неговото студио,
тогаш вечерно време работев и во ноќниот клуб на Интер Хотел Плевен, а пак
денски со парите коишто ги заработував започнав да продуцирам и да работам на
првиот албум. Имав огромна желба да направам свој албум и така постепено, но
нештата започнаа да одат напред кај Максим Горанов. Со него создадовме шест
албуми, а инаку уште од 1994 година првиот мој албум е издаден со „Пајнер“ со
г-н Митко и Марија Димитрови“.
Често си го поставуваме прашањето - Која е
личноста која стои зад имиџот на медиумите? Која е Глорија како личност?
„Не знам. Јас сум си јас. Една нормална жена
која го сака домашниот спокој, ја сака ќерка си и бескрајно многу пријателите.
Никогаш не сум сама дома, сакам кога има луѓе околку мене, да се забавуваме и
да ни е убаво. Се трудам да ги одбегнам луѓето кои се со негативна енергија,
тоа само ме оптеретува и за моја многу голема радост сум опкружена само со
позитивни луѓе. Славата веќе е дел од мене, сето тоа што ми се случува.
Навикната сум на овој ритам, на овој начин на живот, ја обожавам сцената,
обожавам да пеам, а тоа мислам е најважно кога чувствуваш задоволство од
работата. Кога ќе се качам на сцената, кога ќе ги видам погледите на публиката,
кога салата е полна или плоштадот, нема посреќна од мене. Тоа ме прави да се
чувствувам жива и да продолжувам напред. Се радувам што по некаков начин,
животот ми е полн. Знам, дека тоа е мојата мисија, да пеам и да ги правам
луѓето среќни. Не го чувствувам како нешто тешко или како некој товар, дури
воопшто не се замислувам што е славата. Славата мене ми дава повеќе, отколку
што ми зема. Се разбира, дека таа не е за секој, но на кој му е тешко, подобро
воопшто да не се занимава со тоа. Бидејќи е доста одговорно тоа да си славен,
да имаш свои песни и да се трудиш да преносиш порака низ текстовите, низ
песните“. – дополни таа за нас.
Секој читател ќе го најде одговорот самиот. И
тој ќе го искористи она што го прочитал, во своја подготвеност, да ги открие
вистините на животот во животот на другите. Имено, во својата биографија, „До
последната усмивка“, Глорија ја открива и нејзината јачина на карактерот и
нејзините слабости, сомнежи, стравови.
Глорија - „До последната усмивка“ |
Истовремено, нејзините проекти не запираат
тука. Како што најавивме пред извесно време, Глорија подготвува нов музички албум,
за кој ексклузивно ви откриваме дека ќе содржи 17 песни и ќе се појави на
музичкиот пазар наскоро. Дали тоа ќе се случи во текот на месец декември како
божиќен подарок за нејзините обожователи или пак во почетокот на идната година,
останува да видиме.
Дотогаш на поставениот линк може да ја порачате книгата онлајн
пред да излези во продажба, како и да ги најдите сите потребни информации околу
порачувањето.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ
No comments