(Интервју) Кирил Атанасов: Кога човек силно верува во своите соништа, тие се остваруваат!
Интервју со Кирил Атанасов |
По повод петтиот роденден на вашиот омилен
музички сајт, ви подготвивме многу изненадувања, од кои и интервју и со новата ѕвезда на Планета Тв – Кирил
Атанасов. Тој е пример дека човек не треба
да се откаже од своите желби и соништа, туку напротив да настојува да ги
оствари. Благодарен е за шансата која му е дадена од страна на најголемата
музичка компанија „Пајнер“ во соседна Бугарија. Во ексклузивното интервју за
нас, ќе дознаете многу интересни детали сврзани околу почетокот на неговата кариера,
затоа што Кирил искрено зборува за неговата љубов кон музиката и за прв пат
започнува да пее кога бил многу мал, имено на пет ипол години. Има завршено
средно образование во неговото родно место градот Крджали насока туризам, а високото
образование на Универзитетот во Софија, специјалност Географија и биологија.
Estrada World: Здраво Кирил Атанасов. На прво место како се
чуствуваш откако стана дел од најголемата музичка компанија во Бугарија
„Пајнер“?
Кирил Атанасов: Здраво, за мене е остварена желба да сум дел
од изведувачите на музичката компанија „Пајнер“. Со времето се убедив дека кога
човекот ги следи своите желби тие се остваруваат.
Estrada World: Пред да склучиш договор со компанијата „Пајнер“,
си пробал ли на други места да се појавиш како пејач?
Кирил Атанасов: Се
разбира. Си правев видеа за социјалните мрежи кои на луѓето им се допаѓаа, ме
подржуваа и решив дека е време професионално да започнам да се занимавам со
музика.
Estrada World: Имено,
песната „Само мен“ е музичкото парче со
кое се претстави на публиката оваа година. Ќе ни раскажеш ли нешто повеќе за
неа. Што те инспираше за да ја напишеш музиката и текстот на оваа песна?
Кирил Атанасов: Таа песна ми е доста емоционална, затоа што е
првата на која што напишав музика и текст. Кога отидов во студиото за да правам
запис, таа песна се роди во мојата глава и веднаш за нецели 5 - 6 часа беше
запишана и целосно готова.
Кирил Атанасов |
Estrada World: Пред извесно време твојата колешка Јунона за
нас спомна дека има и друга балада после песната „В друг живот“ запишана со тебе,
која чека да биде претставена на публиката. Да ја очекуваме ли по телевизија
„Планета“ до крајот на оваа година?
Кирил Атанасов: Јунона е од луѓето кои ги почитувам и ќе ја
почитувам секогаш, затоа што таа беше човекот кој ме „осети“. Баладата која што
ја запишавме со неа е во типичен попфолк и сум горд дека е наша. Се надевам ќе
излези за брзо време.
Estrada World: Како се роди идејата за соработка со неа?
Кирил Атанасов: Ми се
допаѓа како изведувач од долго време и сакав со неа да направам нешто. Му
заѕвонив на мојот колега Здравко Мандаджиев, тој ме поврза со неа и така
започна се.
Кирил Атанасов |
Estrada World: „С теб, любов“, твојот дует со колешката Тања Маринова се претвори во омилена песна на многу вљубени двојки и е една од оние
песни кои секогаш знаат да го најдат вистинскиот пат до публиката. Задоволен ли
си од нејзиниот успех?
Кирил Атанасов: Тоа е песната со која се гордеам најмногу.
Очекував дека ќе има успех, но тој определено ги надмина моите очекувања.
Песната е моја, но кога ја запишував не ми звучеше како да е целосно завршена, ,се додека не се запознава со Тања Маринова на конкурсот за млади изведувачи на музичката компанија
„Пајнер“. Во моментот на запознавањето со неа, осетив дека точно со неа треба да
ја запишам таа песна и се радувам дека Тања се согласи. Едноставно горд сум на
таа песна.
Estrada World: Пред неколку дена излезе песента „Как ще си
простиш“, овој пат твој дует со Данна.
Кирил Атанасов: Да. Таа
песна се прими доста топло и се радувам што ќе иимавме можност да ја претставиме на живо на публиката. Едноставно ми ги оправда моите очекувања целосно.
Estrada World: Подготвуваш ли ново музичко парче за оваа
сезона?
Кирил Атанасов: Јас не
запирам да работам. Во мојата главно постојано има музика. Се надевам ќе успеам
да реализирам нешто до крајот на оваа година, ако не идната.
Estrada World: Прекрасно
исполнуваш народни песни. Да очекуваме ли такви песни од тебе идната година?
Кирил Атанасов: Многу сакам да запишам некоја народна песна
од мојот роден крај - родопскиот. Најверојтно ќе се случи тоа, кога ќе осетам
дека сум целсоно подготвен за такво нешто.
Estrada World: Имаш ли си омилена македонска песна или
пејач?
Кирил Атанасов: За мене еден од најдобрите гласови во целост е тој на Тоше Проески. Беше
голем талент, неговите песни ќе останаат вечни, затоа што тој остави длабока
трага во музиката.
Estrada World: За крај ти благодариме за оделеното време со
желби за се најубаво и уште поголеми успеси. Што ќе им посакаш на читателите на
Estrada World?
Кирил Атанасов: Секогаш најмногу на сите им посакувам само
едно - здравје. Посакувам сте читатели да се здрави, да веруваат во своите
желби и соништа и да разделуваат љубов.
No comments