Header Ads

(Видео) Алисија и Емрах ги воодушевија обожователите со дуетот „Душо моя”

Алисија и Емрах


„Душо моя” (Душо моја) е насловот на најновиот дует во рамките на попфолкот, кој ги обедини гласовите на познатата Алисија и Емрах, синот на пејачот Тони Стораро.

Младиот пејач повторно заложува на дует, откако ги пушти хитовите оваа година со неговата колешка Малката и дуетот со неговиот татко Тони Стораро. Потсетуваме дека тој на музичката сцена се појави минатата година со дуетот со неговата колешка Емилија -  „По такива си падам“ (По такви си паѓам), но  иако е само на 16 години, истиот е на подвик на завидна музичка кариера.

Песната е дело на Diamond Beat Production, додека пак режисер на видеоспотот е Људмил Иларинов Љуси кој овој пат доловува една вистинска љубовна приказна, во која главните улоги ги имаат Алисија и Емрах.
Во прилог погледнете за што станува збор:

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ


No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.