(Интервју) Данна: "Сакам да создавам музика која ќе остава трага во времето"
Интервју со Данна |
Овој пат во рубриката
Интервју ви ја претставуваме младата пејачка во соседна Бугарија Даниела Пирјанкова
- Данна, која ја освои публиката уште пред многу години со својот талент и
неверојатен вокал. Се одлучивме да ја запознаете подобро, затоа што од неколку
месеци е дел од големото музичко семејство на компанијата „Пајнер“, а од пред
неколку дена и дел од „Алфа мјузик“. Таа е родена на 4 јуни 2004 година и како
што споделува и самата за нас, уште од 4 или 5 години ја пеела песната
„Шампанско и солзи“ на Ивана и отогаш се родила нејзината желба за музика. Години
покасно кога е на 10 години достигнува до првиот круг на конкурсот за Детска
евровизија во Бугарија, а на публиката им е добро позната од емисијата „Шоуто на
Слави“. Во ексклузивното интервју за нас открива подетално за нејзините
почетоци, емоциите да бидеш дел од „Пајнер“ и „Алфа мјузик“, дали подготвува
нешто ново и кои се нејзините планови за иднината.
Estrada World: Здраво Данна. За мене
е големо задоволство што ја имам честа прва да направам интервју со тебе од
Македонија. Најпрвин како се чувствуваш откако стана дел од најголемата музичка
компанија во Бугарија „Пајнер“?
Данна: Благодарам многу. И
за мене е големо задоволство што сум ваша гостинка. Да сум дел од најголемата
музичка компанија во Бугарија е моја остварена желба. Но, јас имам уште вести
за вас, затоа што од пред извесно време веќе имам два продуценти - „Пајнер“ и
„Алфа мјузик“ и многу се радувам од тој факт. Искрено се надевам на успех во
музиката и посакувам моите продуценти да се горди на мене.
Estrada World: Како за почеток,
раскажи ни како се роди љубовта кон музиката.
Данна: Љубовта кон музиката
се појави уште од најрана детска возраст. Уште на 4-5 години ја пеев песната
„Шампанско и солзи“ на Ивана пред телевизорот. Инаку посериозно да се занимавам
со музика започнав кога бев на 9 години. Благодарна сум на мојот учител по
музика, кој ми го откри мојот талент и ме насочи кон музичкиот педагог -
Румјана Иванова од „Арј Војс Центар“ - Пловдив. Отогаш до ден денешен таа е мојот
учител по музика.
Estrada World: Какво доживување ти
беше периодот кој го помина во „Шоуто на Слави“?
Данна: Тоа беше еден
незаборавен за мене период. Издејствував победа таму, а таа беше двојна, затоа
што не само што ги добив гласовите од Куку Бенд, туку и од гледачите. Отидов на
тој кастинг за да учествувам, но никогаш не ни помислив дека јас ќе победам.
Тогаш бев на 12 години. Пред тоа одев на многу конкурси низ Бугарија и
странство, затоа што по принцип имам борбен дух. Да имаш договор со „8-7“ на 12
години беше нешто неверојатно за мене. Работата со професионалистите од Куку
Бенд ми даде сигурност за поголемо тло, едноставно пораснав со надеж да сум одлична
во моите исполнувања.
Данна |
Estrada World: „Бомба“ е твојот дует
со Джордан и со кој се претстави на публиката како дел од компанијата „Пајнер“
оваа година. Зошто се одлучи Джордан да биде твојот дуетен партнер?
Данна: Гласовите со Джордан
многу ни се совпаѓаат. Јас лично много го сакам Джордан и сум благодарна што
тој се согласи да го направиме дуетот, затоа што сепак сум нов изведувач и тој
не ме познаваше пред да започниме да работиме по песната. Сметам дека се
справивме одлично и дека проектот излезе многу добар.
Estrada World: Која е твојата музика?
Таа која сакаш да ја создаваш?
Данна: Сакам да создавам
модерна музика, да се памти, музика со мој отпечаток. Онаа музика која ќе продолжи да се слуша.
Estrada World: „Как ще си простиш“, е твојот дует со Кирил Атанасов која се
претвори во омилена песна на многу луѓе и е една од оние песни кои секогаш го
наоѓаат својот пат до успехот. Задоволна ли си од нејзиниот успех?
Данна: Песента “Как ще си
простиш” е на Кирил Атансов. Тој веќе ја
имаше направено песната, кога ми предложи да се вклучам во неа. Се разбира јас
веднаш прифатив затоа што ми се допадна. Многу луѓе ми пишат дека како за нив
да е испеана песната и се радувам навистина што успеавме да допреме до
публиката.
Данна |
Estrada World: Подготвуваш ли ново
самостојно парче за оваа сезона?
Данна: Идната песна која ќе
излези многу наскоро е во дует со Десита. Самостоен проект започнувам после
излегувањето на дуетот и се надевам работите ќе излезат како што треба.
Estrada World: Во YouTube може да се
најдат твои песни испеани на англиски јазик и тоа е одлично. Дали повторно ќе
продолжиш да запишуваш такви песни?
Данна: Да ќе продолжам
секако да правам кавари на англиски песни, но и на други. Одамна не сум качила
ништо во YouTube, затоа што сметам дека треба да пуштам повеќе мои песни. Инаку
кавари на странски песни може да слушнете на моите настапи.
Estrada World: Дали се чуствуваш
растргната помеѓу музиката и училиштето или успеваш да ги комбинираш?
Данна: До овој момент не сум
осетила потешкотии со тоа. Не ми е проблем. Можеби во иднина кога ќе имам
повеќе настапи ќе ми биди потешко, но ќе видиме. Засега се врви нормално на училиште.
Данна |
Estrada World: Како гледат врсниците
на твојата музичка кариера?
Данна: Се радуваат повеќето.
Постојано ме запират во училиште за автограми или ми пишат. Е, секако дека има
и такви на кои не му се допаѓам. Но, не можеш да им се допаѓаш на сите. Осеќам
врз себе негативни емоции и од повозрасни луѓе, на кои им пречи мојата возраст.
Но, за еден изведувач нема возрасни граници.
Estrada World: Како ти се одразуваат
сите тие негативни емоции?
Данна: Не мислам на тоа.
Едноставно го одминувам.
Estrada World: Изведувачите кои
добиваат популарност рано, честопати потонуваат во неа. Како се пазиш ти од
сето тоа?
Данна: Јас не се сметам себе
си за позната. Имам уште долг пат за да станам таква. Најпрвин сум еден човек ој цврсто стои на земјата. Така ме
имаат воспитано моите родители и сметам дека ништо нема да ме промени.
Estrada World: Имаш ли омилена
македонска песна или пејач?
Данна: „Охридското езеро” е
една моја омилена песна која од мала ја исполнувам на македонски јазик. Ова е
линк на моето исполнување, а тука сум само на 12 години.
Данна |
Estrada World: Кога би имала
можност, која македонска песна би ја запишала на македонски јазик?
Данна: Не сум се замислила.
Треба да ме освои, за да може работите да излезат добри и да ја испеам од душа.
Estrada World: Македонската публика
те очекува со нетрпение. Дали можеби наскоро ќе имаш настап тука?
Данна: Благодарам и со
задоволство ќе дојдам, само да имам покана за настап.
Estrada World: За крај, ти
благодарам за оделеното време со желби за се најубаво и уште поголеми успеси.
Што ќе им посакаш на читателите на Estrada World?
Данна: И јас ви благодарам.
Им посакувам на читаталите на Estrada World да се “бомба” – како што се пее во
нашата песна со Джордан. Ве сакам и се надевам наскоро да се видиме!
Интервју: Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ
Дизајн: Дејан Величковиќ www.dvisualart.mk
Интервју: Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ
Дизајн:
No comments