Header Ads

(Видео) Џулија и Кристијан Кирилов очекувана добитна комбинација!

Кристиан Кирилов и Џулија

“Ден и нощ“ е музичкиот проект кој повторно ги обединува Џулија и нејзиниот сопруг Кристиан Кирилов, откако во пролетта ја претставија нивната прва заедничка песна „Ти си“.

Младото семејство покрај музиката, ги обединија нивните таленти и во серијата „Вирал“, а потсетуваме дека Кристијан е професионален актер во соседна Бугарија.
Џулија и Кристијан Кирилов

Песната “Ден и нощ“ е по музика и аранжман на композиторот Даниел Ганев, додека пак за текстот овој пат се погрижи писателката Анастасија Мавродиева. Режисер на видеото е Виктор Антонов, а во него имаме можност да ја видиме Џулија во едно секси издание кои ги воодушеви обожователите, кои побрзаа низ социјалните мрежи да искоментираат дека изгледа повеќе од одлично.
Песната на живо ќе имаат можност да ја слушнаат и присутните на 3-ти декември во Пловдив, кога е закажан големиот концерт на телевизија „Планета“ која прославува 18 години лидерство во музичките води.
 Автор - Наташа Секуловска
 Фото - Планета Тв

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.