Header Ads

(Видео) Екстра Нина ги воодушеви обожователите со новата балада

Екстра Нина


Екстра Нина која е добро позната на бугарската публика со своите емблематични хитови од „златната ера “ на попфолкот, одлучи да ги изненади своите обожователи со нова балада која носи наслов „Timeout“.

Песната веднаш предизвика бура од позитивни реакции, затоа што публиката со години очекуваше Екстра Нина да ги изненди со нова балада, после хитовите кои останаа запишани во „златната ера“ на попфолкот. 
Екстра Нина

Мелодијата е дело на Свобода Даскалова (музика и текст) и Светослав Лобошки (аранжимент), а беше претставена со видео кое го изработи режисерот Красимир Николов, кое во целост успеа да ја долови суштината на песната со прекрасните кадри снимени во Истанбул,  коишто ја  отсликуваат емоцијата која ја испраќа оваа песна.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.