Header Ads

(Видео) Ивана со нов хит „Аз съм твоя”

Ивана


„Аз съм твоя” е новиот хит на позната бугарска ѕвезда Ивана. Долгоочекувана беше премиерата на овој проект за обожавателите на пејачката, кои веднаш побрзаа да ја поздрават за прекрасниот текст и музика.

"Обичай ме като пиян, без капка срам, без капка свян!" се дел од стиховите кои предизвикаа воодушевување кај обожователите, затоа што песната е преплавена со емоции во која ќе се пронајде секоја жена. 

Парчето е дело на Стојанка Николова, со аранжман на Спас Лазаров и Диана Комитова,со текст на Мариета Ангелова. Видеото го изработи Николај Скерлев, во кое главна улога имаше Љубомир Ангелов.
Ивана

Ивана овој пат се покажа во свое најдобро светло и ги оправда очекувањата на сите, ветувајќи дека во новата година ќе биде уште попродуктивна. Исто така пејачката на народот сподели дека порано она што го посакувала за да го оствари, не можело ништо да ја спречи, а сега нејзиниот поглед во однос на тоа е поразличен:


„Прво размислувам дали желбата е навистина реална или пак е настаната од моментална емоција. Инаку, славата и успехот се нешто убаво и ако некој кажува дека не ги сака не е искрен. Но, јас не би направила договор со мојот морал и со тоа да повредам други луѓе, за да ми биде мене добро“.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ


No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.