(Фото) Божиќна еуфорија во семејството на Емилија
Емилија |
„Бидете мили со своите блиски“ им посака бугарската
пејачка Емилија на своите обожователи, откако ги израдува покрај со новата
песна која е во дует со грчкиот изведувач Аристос Константину - „В София дойде”
( Во Софија дојде), со нова божиќна фотосесија.
На кадрите покрај неа, се појавуваат Мира, Иван, Софија и
нивните две кучиња. Не е тајна, дека Емилија е посреќна од секогаш откако е дел
од семејството Башур, а тоа е видливо и на следните кадри:
„Давајте повеќе љубов и бидете благодарни. На себе си и
на сите оние кои ве сакаат. Приказната ја пишиме самите ние. Празниците
стануваат попразнични кога сами си ги прави такви. Божиќ е низ целиот свет,
треба само да подариме љубов. Бидете здрави, бидете среќни и благословени“ –
дополни таа, а нејзините обожователи низ социјалните мрежи и возвратија со
поздрави кон неа и нејзиното семејство со желби за сѐ најубаво во новата година.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Лична архива
No comments