(Интервју) Марија: „Љубовта е мојата движечка сила“
Интервју со Марија |
По повод новогодишните и божиќните празници, ви подготвивме
интервју со една од најпознатите бугарски пејачки Марија. На прагот на своите
јубилејни 20 години на музичката сцена, таа во ексклузивното интервју за нас прави
една ретроспектива за годините додека е на врвот и потсетуваме дека таа е една од најпознатите и најбараните попфолк
изведувачи. На македонската публика добро и е позната, затоа што во почетокот
на нејзината кариера таа беше редовен гостин по фестивалите и клубовите во нашата
земја. Во ексклузивното интервју за нас, ќе дознаете дали подготвува нова
песна, како поминало снимањето во Монте Карло, како и дали ќе го пушти во
продажба наскоро својот нов музички албум.
Estrada World: Здраво Марија. За мене е
чест и задоволство да бидете моја гостинка во мојот сајт. 19 години не се
малку. Која е вашата формула за успех?
Марија: Здраво и за мене е чест да
ви дадам интервју и да поразговарам со Вас. Што се однесува до формулата за
успех, би кажала дека тоа е дисциплина, желба и всушност и остварување на една моја
желба од детството.
Estrada World: Би додала дека ти си една од
точните изведувачи, затоа што кога и да станува збор за интервјуа и снимање ти
секогаш си присутна на време, тоа зборува многу за тебе како изведувач.
Марија: Ви благодарам од срце за
убавите зборови.
Марија |
Estrada World:Кога почувствува дека си
вистински популарна и сакана од народот?
Марија: Тоа го почувствувам уште во
самиот почеток на мојата кариера. Затоа што и првата моја песна стана хит и
започнав да работам, но кога за прв пат стапнав на бугарската сцена тоа беше со
рекламата за пивото „Ариана“. Тоа ме направи популарна и надвор од границите на
попфолкот, но и надвор од Бугарија, тоа беше реклама во топ десет на
најпопуларни во Европа и тоа на прво место.
Estrada World:За секој ваш обожовател беше
врвна реклама.
Марија: Да (се смее).
Estrada World:Кое е вашето мислење за
младите изведувачи и новите музички трендови?
Марија: Јас се радувам многу
навистина. Тоа што има налив на нови изведувачи,, дава шанса на пубиката да оцени до каде сме
стигнали ние постарите изведувачи и тоа значи многу посебно за мене, како да ви кажам, јас сум човек кој сака да
се споредува со некој и за мене тоа е шанса да се докажувам и ако тие се
поамбициозни ми дава можност да подржувам една форма на конкуренција.
Едноставно да не залежи човек само на
едно ниво.
Марија |
Estrada World:Кога да очекуваме нова песна
од Вас? Со кои автори ќе работите овој пат?
Марија: Јас веќе работам врз неколку
нови проекти и еден меѓународен со познат руски пејач Руслан. Исто така работам
на проект со Тони Стораро и имам една песна која е повторно дело на
композиторот Калин Димитров, кој всушност ја направи последната моја песна
„Липсваш мило мое“ (Ми недостигаш мило мое). Сметам дека со него добро ни оди
соработката и овој пат ќе видиме што ќе се случи.
Estrada World:Вака како што те слушам,
дали во јубилејната 2020 година ќе има едно пријатно изненадување од тебе со
еден нов албум?
Марија: Албум не подготувам тоа
искрено го кажувам, затоа што јас сум изведувач кој има над 120 песни и
видеоспотови до моментов. Кога имам хит тоа ме радува и ме исполнува и во
моментов немам желба да направам нов албум.
Марија |
Estrada World: 2019-та се појавува како
една од твоите најсупешни години. Доказ за тоа е и баладата „Престъпно твоя“
(Престапно твоја). Ќе ни раскажете ли како помина снимањето во Монте Карло,
откако минатата година снимавте во Париз?
Марија: „Престъпно твоя“(Престапно
твоја) е еден многу интересен проект и кога правам таква песна, признавам дека
имам потреба од таква како личност да се изразам себе си и баладите се песни
низ кои можам да ги изразам своите емоции и чувства. Ги селектирам многу повеќе
за разлика од другите песни во мојот
репертоар. Затоа и секогаш кога правам таква песна се ориентирам и видеото и
мојот стајлинг да ги надминат очекувањата на сите оние на кои им се допаѓам и
затоа инсистирам самиот проект да не е само една лична историја пренесена низ
песната и секогаш кога сум снимала видеоспот надвор од Бугарија сум одбирала
омилени мои локации. Мислам дека после Париз најточна дестинација беше Монте
Карло. Таму е потешко да се снима за разлика од Париз, затоа што Париз е град
во кој туристите имаат право да снимаат со дрон, додека пак во Монако е навистина
тешко, таму се е забрането особено сите зони и хотелот Hotel Hermitage во кој
снимав. Затоа што тоа е хотел во кое снима списанието Вог, снимаат филмови, а
пред една година кога им побарав дозвола ми откажаа и ми рекоја дека музички
проект нема како да биде реализиран таму, дури и со плаќање. Но, јас и моето
семејство често одиме на одмор таму и
станавме блиски пријатели со менаџерите на хотелот и врз основа на моите
следачи во социјалните мрежи тие сами одлучија да ми дозволат да го снимам
спотот таму. Јас не ги замолив. Јас престојував таму за време на Формула 1 и фестивалот
во Кан и си реков ќе снимаме каде што ќе дозволат во Монтре Карло, иако пак ќе
спомнам многу се малку реоните каде што е тоа дозволено, а за дрон да снимаш не
можеш таму и кога отидов да се сместам со мојот тим во хотелот тие самите ми
рекоја „Марија, ние ќе се радуваме да има кадри од нашиот хотел твојот видеоспот“ и тогаш стана интересно.
Точно на денот на снимањето целото внимание на светот беше насочено кон
посочените настани во градот и се сеќавам и кога снимав во Париз беше Модната
недела и цел свет беше собран таму, а сега и во Монако беше истото. Кога
започнав да снимам и постирав неколку слики, за неколку секунди хотелот започна
да ме следи на Инстаграм и им се допадна мојот фустан кој го носев. Ќе напомнам
тој е дел од модна колекција и е доста специјален, не е како останатите кои ги
имам во мојата гардероба и се беше одбрано од мене. Сакав за баладата да бидам
со тој изглед и се покажа дека истиот ден на фестивалот во Кан една актерка и моделка
беше со истиот фустан само во сина верзија. И беше интересно, и секогаш кога
снимам сакам да има позитивна атмосфера. Бевме сите во еден хотел, одевме на
вечери, ни беше забавно и снимањето во странство поминува како еден состанок (се
смее). За нас и секој пат кога ќе се вратиме од некаде, се започнува со
прашањето каде ќе снимаме следниот пат и да не е локацијата во Бугарија. Беше
навистина убаво и освен што направивме одлична работа, песната е многу лична,
изнесена е моја лична историја во неа и го дадов максимумот од себе си и поради
можеби таа причина таа така дејствува врз луѓето.
Estrada World:Песната „Най-добрата, ето“ (Најдобрата
ете ја) многу брзо доби позитивни оценки од страна на публиката која ја прими
одлично. Ќе ни раскажете ли нешто повеќе за неа. Задоволни ли сте од нејзиниот
успех?
Марија: Јас оваа година имам неколку
проекти, мислам четири се на број и не можам да кажам која е посилна. Можам да
кажам дека добро се прими песната „Да ме гали“ затоа што таа веќе е хит во
соседните држави. Јас ја купив веќе како еден хит (се смее). Но, секогаш е така.
Кога купуваш авторски права на песна која веќе е хит во соседството, тоа е нож
со две острици. Диџеите ја пуштат и во оригиналната верзија, но ете и мојата
успеа да се оддели од сите верзии и да стани хит. Што се однесува до која песна
ми е најомилена од сите кои ги пуштив оваа година, можеби ќе кажам најновата. Нели,
секогаш новата е најомилена. И точно неа ја исполнив на големиот концерт на
телевизија Планета во Пловдив на 3-ти декември и сметам дека 2019 –та година е
една од годините во кои направив чекор нагоре. Секогаш во прашање е среќата и
да ја пуштиш правилната песна, а на мое лично расположение имав и позитивна
енергија, затоа што знам дека тоа дејствува позитивно и врз луѓето. Секогаш
кога сум во форма одам нагоре. Во моментот кога сум помрзлива тапкам во место,
но годините за мене зборуваат дека секогаш сум на линија, без разлика во каква
форма се наоѓам. Секогаш сум тука за публиката и за настапите, тоа е вистината.
Минатата вечер една моја колешка беше на мој настап и со оглед на фактот дека таа е доста помлад изведувач од мене, ми вели
„Марија искрено како издржуваш, дали е во прашање голема дисциплина или
мотивација“?. Реално ова мене не ме кошта многу. Јас живеам со музиката и
семејството, таа е дел од моето срце, ден, ноќ, од себе си. Кога сум на сцената
јас сум себе си, онаа вистинската Марија. Реално се раздавам целосно.
Марија |
Estrada World:Позната си по
препознатливиот секси стил на облекување кој не ги остава рамнодушени сите
гледачи и највеќе ја изцртува твојата убавина, а погледот ви е доста
магнетичен. Кој се грижи за вашиот стајлинг и стил?
Марија: Јас никогаш низ годините не
користев услуги на стилист, а многу пати сум наградувана со награда за модна
икона и тоа е лично мое задоволство, внатрешно доживување. Се чувствувам должна
да им возвратам на сите оние со кои работам и ме подржуваат со одличен
стајлинг, но пак тргнувам од тоа дека тоа е личен стил и јас имам доста силно
привлекување кон модата, нели има доста модерни нешта за кои сметам дека не се
пристојни за мене, за мојата фигура. Секогаш се водам од правилото дека жената
на прво место треба да биде женствена, да биде секси и од таму тоа го дополнувам
со модните трендови и во моментов би кажала дека јас сум една од жените со
доста тешка гардероба и така конкурурам со светските ѕвезди во однос на модните
марки, модели кои се лична селекција кои ги имам, а понекогаш ги купувам и пред
познатите ѕвезди.
Марија |
Estrada World: Претпоставувам дека љубовта
кон твојата ќерка Мараја е неспоредлива со никоја друга. Какви се вашите односи
– како мајка и ќерка или како пријателки? За што ја советувате најмногу и од
што сакате да ја заштитите?
Марија: Со Мараја сме веќе како
пријателки. Јас сум човек кој не се наметнува на секоја цена, секој треба сам
да си ја напише својата историја, своите доживувања и да го помине животниот
пат сам. Затоа се одалечувам од давање на совети и само и кажувам како јас би
постапила. За мене е важно човек да има право на избор, а ако нешто сум
направила за неа позитивно, тоа е дека и го поставив токму тоа право о кај неа
уште на многу рана детска возраст, затоа што во нашиот живот има секакви
провокации и искушувања. Но, кога човек е ориентиран кон нешто, тој знае точно што да прави. Тоа го
учи до деветгодишна возраст и после тоа не можеш да променуваш ништо. Нејзиното
знаење и образование ја прават да одлучува врз основа на нив. Затоа што нема
полошо од тоа човек да не знае ништо. Тоа доведува до грешни постапки и одлуки.
Марија и Мараја |
Estrada World:Толку многу љубов има во
вашите песни. Верувате ли во големата љубов?
Марија: Да. Тоа е за мене водечка
сила и мој личен генератор на се што правам. Моја движечка сила. Дали ќе е
љубов кон животот, кон човек, дали кон семејство, животно, тоа е за мене
водечко. Јас по тој начин се дишам и се движам.
Estrada World: Имате безброј настапи зад
граница, но имате ли некој спцецијален спомен од некое патување, кое долго ви
останало во сеќавање?
Марија: Многу патувам и многу работи
сум видела и ако тргнам да ви раскажувам, нема да ми стигне времето. Сум имала
убави моменти. Мислам дека ова што ми се случува во моментов тоа е најсилно мое
доживување и ми е најубаво и го влечам најубавото од животот. За мене е важно да имам расположение да правам
спомени. Дали ќе отидам до Стара Загора или Париз, нема врска за мене. Важно е
да имам желба за тоа и омилени луѓе до мене.
Estrada World:Македонската публика со
сигурност ја интересира кога ќе имате концерт кај нас, дали можеби имате некоја
покана за настап тука?
Марија: Јас многу ја сакам Македонија.
Имав кај вас прекрасни настапи и секогаш кога имам покана сум среќна, да не заборавиме дека моите фаворити додека
бев жири во Музички идол беше македонците. Вие како народ се веселите на еден одличен начин, од се
срце и тоа ми се допаѓа и секогаш е задоволство да ви гостувам и поканата ја очекувам
со нетрпение.
Марија |
Estrada World:Кои се вашите планови,
очекувања, надежи од тука натака?
Марија: Плановите ми се да продолжам
да се занимавам со тоа што го правам, музиката и нели работата како изведувач
тоа е за мене детска желба и тоа го правам најдобро. Едноставно си посакувам да бидам здрава и со ентузијам и да продолжам
напред.
Estrada World:За крај ви благодарам за оделеното
време. Која е вашата порака кон читателите на Estrada World?
Марија:Посакувам сите во Македонија
да сте живи и здрави, среќни празници, да ви се светли и топли, бидете со
омилените луѓе околу вас и на секој пријател од Македонија му посакувам многу
забава, нели ни следува новогодишната ноќ
и посакувам со убаво да ја испратиме 2019 година и да дочекаме една 2020
година уште поубава и поуспешна година
за секој човек од целото мое срце и посакувам што побрзо да ви бидам гостинка
за да се забавуваме заедно.
Интервју: Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ
Дизајн: Дејан Величковиќ www.dvisualart.mk
Фото - Планета ТВ
Дизајн:
мојот вереник и јас имавме кавга и тој ми рече дека тој веќе не е заинтересиран за врската и сакаше да се распаднеме и нашиот брак се приближува, тоа беше затоа што му реков дека се сменил и повеќе не го прави она што обично сака да шетам рака под рака во парковите, да повикуваш да ме гледаш и сè друго што ја прави нашата врска слатка. Го молев да ми прости, но тој беше глув на моите повици, па дури и се пресели надвор од куќата, ме натера да барам помош од различни извори. Ја прелистував мрежата кога го видов сведочењето на една дама која рече дека магија рициново наречена д-р Ајаиј и помогнала во нејзините брачни проблеми затоа што ја барала плодот на матката и можела да зачна со помош на магија рициново наречен д-р Ајаји, сега таа и нејзиниот сопруг живеат заедно среќно. Јас контактирав со магија рициново и напишав на WhatsApp и му го објаснив моето издание, тој ми кажа некои работи што треба да направам и што на изненадување мојот вереник Johnон ми се јави и побара прошка и рече дека тој никогаш не знае што се случува со него , се благодарам на д-р Ајаиј, сега сум оженет и го очекувам моето прво дете. Ако имате проблем во врска со кој ви е потребна помош, контактирајте го д-р Ајаји денес за брзо поправање, во прво време мислев дека е фалсификувана сè додека не пробав и таа работеше за мене и знам дека ќе работи и за вас. Може да стигнете до магијата на магијата преку е-пошта: drajayi1990@gmail.com или Whatsapp: +2347084887094
ReplyDelete