Ексклузивно: Емануела го затвора концертот на Планета Тв со нова песна!
Исклучително продуктивна и успешна беше 2019–та
година за бугарската пејачка Емануела. Во изминатите месеци пејачката ја
изненади публиката со неколку хитови проекти, а утревечер ексклузивно по повод 18 години телевизија Планета, која прославува
со голем празничен концерт во Пловдив,
таа подготви нова песна која носи наслов „Вечно свързани“.
Имено, Емануела ја има честа да го затвори
концертот со спектакуларно шоу, а присутните ќе имаат можност на живо за прв
пат да ја слушната премиерно песната, која е по музика и аранжимент на Даниел
Ганев, а стиховите се дело на Александър Попов и Петър Петров. За видеото
пејачката се довери на режисерот Људмил
Иларионов - Љуси, кој ја долови суштината на песната со видео кое раскажува љубовна историја.
Емануела |
Типично во свој музички стил, таа остана верна
на својот стил и ги израдува фановите со нешто оригинално и различно од се што
до овој момент има претставено. Видеото за само 15 минути регистрира рекордни
22.000 прегледи официјалниот канал на
телевизија Планета во YouTube – PlanetaOfficial.
Во прилог, погледнете ја песната:
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв
No comments