(Видео) Катарина Живковиќ подготвува нов музички албум „Porok“
Српската пејачка Катарина Живковиќ ја воодушеви
публиката, откако после малата кратка пауза, овој месец издаде три нови песни -
“Moze ti se sve”, “Gori sve” и “Ti ne me
vidis”, а наскоро во продажба се очекува да излези нејзиниот нов музички албум “Porok”,
за чии потреби сними и уште едно ново видео.
Песната “Moze ti
se sve” е дело на Виолета Михајловска и Никола Бардак, а видеото го направија Tropical LifeIsFun. Што се однесува до “Gori
sve“ е музичко парче на Дејан Костиќ и
Јована Радосавлјевиќ, а видеото на Royal Films. Покрај нив, третата песна “Ti
ne me vidis“ е балада, чиј видеоспот излезе пред една седмица, а со која пејачката уште еднаш докажа дека е
препознатлива по нив, не оставајќи никој рамнодушен со својот глас и моќта за
пренесување на емоции.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Катарина Живковиќ (Instagram)
No comments