Header Ads

Ексклузивно:Елена Велевска ќе биде дел од спектакуларниот концерт на телевизија Планета!

Нашата најпозната пејачка Елена Велевска ќе биде дел од спектакуларниот концерт на бугарската музичка телевизија „Планета“ во Пловдив, која оваа година прославува 16 години од своето основање.

Во моментот сексапилната пејачка го подготвува својот настап за концертот, подготвувајќи шоу со кое ќе се претстaви во најдобро светло, а кои песни ќе ги исполни останува да видиме на 28 ноември.


Ова ќе биде првиот најголем нејзин настап пред бугарската публика, откако стана дел од музичката продуцентска куќа „Пајнер“ – минатата година. Во меѓувреме, таа ја претстави песната „Недостапна за тебе“ која е македонска верзија на хитот „Уволнен си от живота ми“, а ексклузивно ви откриваме дека подготвува и нова песна од композиторот Артан Кастрати.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.