Header Ads

(Видео) Джена ја продолжи хитовата серија со песната “Да ти бъда корона”

“Да ти бъда корона” е најновиот музички предлог од бугарската пејачка Джена за оваа сезона, кој од денес нејзините фанови можат да го гледат по Планета Тв и во официјалниот YouTube канал на телевизијата –PlanetaOffcial, а за само неколку часа регистрира 100.000 прегледи.

Имено, пет месеци после враќањето на музичката сцена, откако го роди  својот син, талентираната пејачка ја продолжува серијата од хитови песни, откако серијата ја започна со  песната “Коя” и дуетот со Преслава “Тук жена му пази”.
Парчето “Да ти бъда корона”  е по музика на македонскиот композитор Јорданчо Василковски- Оцко, додека пак текстот е на Анастасија Мавродиева и Росен Димитров. Режисер на видеоспотот е Ивајло Спасов, додека пак за нејзиниот изглед се погрижија Стојан Апостолов – стилист, Методи Шопов – шминка и Николај Стојанов – коса.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.