Header Ads

(Фото) Со спектакуларен концерт Планета Тв го прослави својот 16-ти роденден!

Голем успех направи спектакуларниот концерт на „Планета Тв“ по повод 16-годишнината од нејзиното формирање.

Многубројната публика во салата „Колодрума“ во Пловдив, имаше можност на 28 ноември да ужива во спектакуларното шоу, кое го имаa подготвено едни од најпознатите изведувачи на музичката телевизија во соседна Бугарија.
Концертот започна со Трио Сопрано и нивната песна “Can Can”, а после нив следуваа Лазар и Ванја, кои ја израдуваа публика со песните “Ще ме помниш”, “Не деля” и “Маймуно мръсно”. Роксана, Джордан, Татјана, Джулија, Рајна, Константин, Емануела, Фики, Галин, Устата, Марија, Кали, Теди Александрова се претставија одлично, исполнувајќи ги своите нови песни и раздавајќи се на макс за фановите во салата, а Илијан заедно со Алисија го претставија дуетот „За последно“.

Големо изненадување беше исполнувањето на позната песна „Шушана“ од страна на Милко Калајджиев и Наско Мента, кои со првите стихови од хитот успеаа да ја станат публиката на нозе, која пееше во еден глас со нив.
Елена Велевска дојде специјално во Бугарија, откако претходниот ден  снимаше новогодишно шоу за австралиската телевизија ИН ТВ, за со својот колега Борис Дали го исполнат на големата сцена нивниот дует “Ще си моя”
Триумфално беше враќањето на музичката сцена за Джена, која блескаше од среќа што повторно е со своите фанови, исполнувајќи ги  на сцената хитовите „Коя” и дуетот со Преслава „Тук жена му пази“.
Преслава, како и секогаш остави силен впечаток кај публиката со својот талент и глас, исполнувајќи ја и песната „Не се изтриваш“, која за кратко време стана најслушана песна во Бугарија со речиси 7.000.000 прегледи за само нецел месец од нејзината премиера, додека пак Емилија ја исполни песната „Все едно ми е”, а потоа заедно со Тони Стораро го претставија нивниот летен хит „Как да изтрезнея“. 

Галена броени часови откако се врати од својата тунеја во Америка, имаше подготвено свое уникатно шоу, во кое претстави микс од свои песни, а ова и беше првиот настап на големата сцена, откако стана мајка за втор пат оваа година.

Јаница, која во последните неколку години успеа да се издвои со својата оригиналност, се претстави со три свои песни, а нејзината колешка Анелија  ја имаше честа да го затвори концертот со своите најголеми хитови песни “Дай ми още”, “Гот ми е” и “С тебе ми е най”.


Очекувајте го целиот концерт по „Планета Тв“ до крајот на оваа година, а во него покрај познатите пејачи, учество зедоа и неколку балети.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.