Header Ads

Ексклузивно: За прв пат во Франција - Джена, Кали и Илијан со голем концерт оваа вечер


Добро познато е дека хитовите на телевизија „Планета“ достигнуваат до сѐ поголема публика, благодарение и на многубројните покани за настапи на нејзините изведувачи.

Докажано е дека, најчести се нивните концертите во Велика Британија, Белгија, Германија, Македонија, Турција, Холандија, САД, Канада, но во последно време расте интересот и во Франција.


Денес (18.11) Джена, Кали и Илијан ќе бидат специјални гости на големиот концерт кој ќе се одржи во Тулуза (Франција), каде што познатите имиња на музичката компанија „Пајнер“ и „Планета ТВ“ ќе го дадат најдоброто од себе во салата на хотелот “Palladia”, ветувајќи добра забава и весело расположение. Покрај нивните големи хитови, забавата нема да помини и без добро познатите народни песни, кои секогаш се едни од најбраните кога изведувачите имаат свои настапи во странство.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.