Header Ads

Галена тргнува на егзотична и поразлична турнеја во Америка


Галена од денес тргнува на доста егзотична и малку поразлична турнеја низ Америка.

Денес (17) ноември таа ќе настапи во Торонто, Канада за да го изнесе свој прв концерт.  Таа веќе пристигна таму вчера, брзајќи веднаш да сподели неколку слики од пристигнување таму, фотографирајќи се со едни од најпознатите знаменитости во градот. Утре таа ќе пее пред публиката во Чикаго, а веднаш потоа ќе одлета за Флорида.

Од 20 до 24 ноември звездата на „Планета Тв“ ќе пее на луксузен брод , кој ќе крстари од  Мајами до Бахамите, а крајот на оваа турнеја ќе биде повторно во Чикаго. Овој пат не се вклучени други градови во патувањето, затоа што таа ќе настапи на големиот концерт во Пловдив (Бугарија) на 28 ноемеври, по повод 16 години Планета Тв.
Автор - Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.